Uncategorized
Сменета биографијата на првата дама на САД
Со стапувањето на Доналд Трамп на функција претседател на САД, изменета е и официјалната веб страница на Белата куќа. Сегментот посветен на новата прва дама, Меланија Трамп привлече големо внимание.
На сајтот беше напишано и потоа набргу избришано спомнувањето на нејзиниот „бизнис со накит“, објави Washington Post.
Истиот извор наведува дека во биографијата пишувало: „Меланија исто така е и успешен предприемач. Во април 2010 година Меланија Трамп ја промовираше својата колекција накит “Melania TM Timepiece & Jewelry” на телевизискиот канал QVC.“
Меѓутоа, бидејќи Трамп беше критикуван дека би можел да се најде во конфликт на интереси поради своите бизниси кога официјално ќе ја преземе функцијата, изгледа дека е решено да не се споменува фирма ниту на првата дама.
Сега на сајтот не е напишано името на нејзината фирма, ниту пак се наведува дека истата се продава преку ТВ каналот QVC.
Портпаролот на Меланија Трамп рече дека споменувањето на нејзината фирма немало за цел да се рекламира, но сепак сега тој сегмент е тргнат од официјалниот сајт на Белата куќа.
За време на претседателската кампања, на интернет кружеше нејзината биографија во која пишуваше дека таа наводно дипломирала на Универзитетот во Љубљана, на сајтот на Белата куќа ова е корегирано и сега пишува дека „запишала студии но потоа решила да ги прекине поради кариера во манекенство“.
Во биогрфаијата се наведува необичаена количина детали за нејзините телевизиски гостувања и појавувања во часописи.
Потоа се нижат пофални зборови за нејзината дарежливост и филнатропија, како и за нејзината „страст кон уметност, архитектура, дизајн, мода и убавина“.
И бидејќи нејзиниот сопруг се заканува со апсење и протерување на нелегалните мигранти, на сајтот се истакнува дека таа во 2016 година “со гордост станала граѓанка на САД“. крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

