Uncategorized
Белата куќа позитивно го оценува разговорот меѓу Трамп и Путин
Повеќе од 50-минутниот телефонски разговор од саботата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот челник Владимир Путин, претставува важен чекор кон воспоставувањето на билатералните односи, оцени во неделата Белата куќа, откако ден претходно Кремљ соопшти дека разговорот меѓу двајцата лидери покажал расположение за заедничка соработка.
Телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин се одржа во саботата вечерта по средноевропско време, и беше првиот контакт меѓу челниците на САД и на Русија по инаугурацијата на американскиот претседател на 20-ти јануари.
Во Белата куќа разговорот го нарекоа „чекор за подобрување на американско-руските“ односи.
„Овој позитивен повик претставува важен чекор во подобрувањето на односите меѓу САД и Русија, кои мора да се подобрат“, се наведува во соопштението на американската администрација.
Од Кремљ, исто така, оценија дека разговорот минал во „позитивна и конструктивна атмосфера“ при што биле разгледувани „широк спектар од меѓународните проблеми“, од борбата со тероризмот, ситуацијата на Блискиот исток, стратешката стабилност, неширењето на нуклеарното оружје, иранската и севернокорејската нуклеарни програми, клучните аспекти на кризата во Украина и редица други актуелни теми.
Притоа Москва истакнува дека двете страни покажале интерес за активна заедничка активност на „конструктивна, рамноправна и заемно корисна основа“.
И од Белата куќа соопштија дека по разговорот меѓу двајцата претседатела сметаат на соработка со Русија, во прв ред во борбата со џихадистичката организација Исламска држава.
„И претседателот Трамп и претседателот Путин искажаа надеж дека по денешниот разговор двете земји ќе можат брзо да стапат во борба против тероризмот, како и он другите важни прашања кои се од заеднички интерес“, се наведува во американската изјава.
Забележливо е што веднаш по разговорот со Путин, американскиот претседател Трамп на своите генерали и министерот за одбрана им даде рок од 30 дена да подготват план за борбата против Исламската држава, кој предвидува, меѓу другото, и „разгледување на можноста од барање нови сојузници“ во таа борба.
И во текот на кампањата и по изборот, Трамп повеќепати изјави дека САД се подготвени да соработуваат со секоја земја којашто ќе помогне да се порази Исламската држава, како и дека смета и на соработката на Русија. „Ние заедно би настапувале и би го избришале духот на Исламската држава“, рече Трамп во интервјуто за Fox News во пресрет на разговорот со Путин./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

