Црна хроника
Српски кошаркар шверцувал кокаин во Перу

Српскиот кошаркар Никола Радојчиќ (27) уапсен е на аеродромот Хорхе Чавез во Перу поради шверц на кокаин, јавија белградските медиуми.
Според наводите на перуанските медиуми, дрогата била пронајдена во стомакот на Радојчиќ. Тој проголтал 23 капсули со по 10 грама кокаин.
Полицијата го успасила Радојчиќ откако побарал лекарска помош поради сериозни болки во стомакот, како последица од капсулите.
Заедно со Радојчиќ бил уапсен и неговиот пријател Урош Докиќ (21), кај кого исто така е пронајдена дрога во стомакот. Обајцата завршиле во локалната болница, каде под полициско обезбедување им биле извадени капсулите.
Вредноста на запленетиот кокаин, кој преку Амстердам требало да биде допремен во Белград, се проценува на 150.000 евра.
Според локалните закони, уапсените државјани на Србија ги чека казна до осум години затвор.
Радојчиќ во кариерата има играно за повеќе клубови, меѓу кои Црвена Звезда, Будуќност, Тенерифе и Гран Канарија. Во јуниорските денови важеше за голем талент и дури му предвидуваа кариера во НБА лигата. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола.
Тој претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.
По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница, соопшти полицијата.
Црна хроника
Жена ограбена во Ѓорче Петров

Шеесет и петгодишна жена била ограбена во Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, вчера Г.Ј.(65) од Скопје пријавила дека околу 17.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на сила и го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Црна хроника
Насилници уценувале девојче од Скопје – им дала 25.000 евра за да не го нападнат брат ѝ

Девојче од Скопје било уценувано од неколку соученици дека ако не им даде пари, ќе го нападнат нејзиниот брат кој има здравствени проблеми. На тој начин, девојчето од дома земало и им дало на насилниците 25.000 евра.
Според информациите на МВР, ноќеска во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.
Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.