Свет
Лавров го фали Трамп во врска со украинската криза и смета дека ќе биде поуспешен од Обама
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лаворв во вторникот ги пофали ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со украинската криза, велејќи дека тоа претставува голем напредок во однос на ставовите на неговиот демократски претседател Барак Обама.
Украинските воени сили речиси три години војуваат со рускојазичните бунтовници на истокот од земјата кои не го прифатија превратот со кој на власт во Киев дојдоа прозападните сили кои веднаш именуваа свои гувернери во регионите наспроти дотогаш избраните и го донесоа законот за јазиците со кој го укинаа важењето на другите јазици во регионите со други малцинства или каде тие се мнозинства, како на југоистокот. Минатата седмица ненадејно започна трупање на сили на линијата на раздвојување со што е на работ на одржување двегодишното кревко примирје.
Забележливо е дека ескалацијата на ситуацијата се случува откако Киев беше посетен од републиканскиот сенатор Џон Меккејн кој беше противник на неговиот сопартиец актуелниот претседател Доналд Трамп, од чии најави за приближување со Русија стравуваа властите на Украина, во смисла на укинувањето на санкции против Москва и признавање на присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Руската Федерација.
„Трамп рече дека сака да има увид во сето она што има врска со Украина, како и дека му е јасно како треба да се постави. Ова е, според моето мислење, голем и квалитативен пресврт во споредба со Администрацијата на Обама“, изјави шефот на руската дипломатијата Сергеј Лаврово во разговорот за агенцијата ТАСС.
Лавров притоа појаснува дека Соединетите држави сега сфаќаат дека обновувањето на целосната контрола на Киев на источна Украина не би го решило проблемот во земјата, потсетувајќи на договорот за специјалниот статус на регионите Донецк и Луганск.
„Доколку некој се надева оти сите проблеми во Украина може да биде решен со обновувањето на контролата на сегашната власт над Донбас, тоа е утопија“, порачува Лавров.
„Сите тоа го разбираат, и во Европа, вклучително и Париз, Берлин и во Брисел. И Вашингтон тоа го разбира, почнаа тоа да го разбираат дурии во времето на претходната администрација“, додава шефот на руската дипломатија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

