Контакт

Uncategorized

Словенечкиот претседател Пахор пред патот во Москва, разговараше со Меркел за иднината на ЕУ

Објавено пред

Словенечкиот претседател Борут Пахор разговараше во средата во Берлин со германската канцеларка Ангела Меркел за иднината на Европската унија, особено за прашањата на безбедносните проблеми, како и политичките проблеми во нејзиното соседство, пренесуваат словенечките медиуми.

dobivaj vesti na viber

Во средата во дводневна посета на Берлин словенечкиот претседател Борут Пахор допатува како гостин на германскиот претседател Јоаким Гаук, а покрај разговорите со својот колега по должност се сретна и со канцеларката Ангела Меркел, објави кабинетот на шефот на словенечката држава.

Германија носи на себе голем товар од решавањето на европските проблеми, а Словенија сака да биде што поприсутна во нивното решавање, рекол Пахор за новинарите од словенечките медиуми по разговорите во Берлин, потврдувајќи дека се разговарало и за неговата посета на Русија и на Украина, каде што од Германија ќе отпатува во петок.

„Имаме ставови коишто сакаме да ги провериме со нашите пријатели и партнери во врка со подготовките за тие посети, а Германците секако се пријатели и партнери“, рекол Пахор.

Германските и словенечките ставови за решавање на украинската криза се слични, а Словенија ја поддржува целосната имплементација на договорот од Минск и прекин на конфликтот, појаснил словенечкиот претседател.

Пахор вели дека неговата посета на Русија во Берлин никој не го гледа како нешто што е спорно, а по Русија во недела ќе престојува во посета на Украина.

„Тоа што патувам во Русија, дека ќе се сретнам со (рускиот претседател Владимир) Путин, како и дека ќе потпишеме договори важни за словенечката економија, тука (во Берлин) никому не му пречи“, истакнал Пахор.

„Сите добро знаат дека таа посета не е поврзана со некои себични интереси на Словенија, туку со нашата искрена желба заедно да најдеме решение за украинската криза, што би довело до затоплување на односите меѓу Европската унија и Русија“, додал Пахор по средбата со Гаук и Меркел.

Кога во јули минатата 2016 година рускиот претседател Владимир Путин по третпат за кусо време ја посети Словенија, тоа во домашната јавност беше оценето како добар потег на неговиот словенечки колега по должноста Борут Пахор, и покрај загриженоста и чудењето на водечките западни држави коишто, како и сега, се за продолжување на санкциите против Русија поради нерешената украинска криза, но и покрај медиумскиот бојкот на таа посета, таа го отвори прашањето за тоа кој ги трпи штетите од економските санкции и рускиот одговор на нив, односно помалите членки./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар

Објавено пред

Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.

dobivaj vesti na viber

„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

„Најубавата мајка раѓа најубави деца“: Ана Курникова ги воодушеви фановите со семејна фотографија

Објавено пред

Познатата тенисерка Ана Курникова (44) и Енрике Иглесијас (50) станаа родители по четврти пат. Иако името и полот на бебето сè уште се непознати, славниот пар покажа како изгледа.

dobivaj vesti na viber

Ана објави семејна фотографија од сите нивни деца, а секако немаше недостаток од убави коментари.

Многумина веќе ги нарекоа Ана и Енрике најубавиот пар на светот, а со тоа и нивните деца се „најубавите деца на светот“.

„Тие се прекрасни“, „Совршени деца“, „Вие сте најслаткото семејство на светот“, „Можете да видите колку го сакаат бебето“, „Нереални деца“, „Најубавата мајка раѓа најубави деца“, беа само дел од коментарите.

Не е познато кога Ана и Енрике ќе го откријат името на своето новородено бебе, но веројатно ќе се обидат да го чуваат во тајност што е можно подолго, со оглед на тоа што го правеле тоа со секое дете, а денес се познати како „обични“ родители кои се обидуваат да се осигурат дека нивните деца водат „нормален“ начин на живот и покрај тоа што се популарни на глобално ниво.

Ана Курникова ја заврши својата професионална кариера во 2003 година, а е во врска со Иглесијас од 2001 година.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени  

Објавено пред

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.

dobivaj vesti na viber

„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.

Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.

„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.

Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација...

Македонија1 час

Излеани реки, поплавени подруми, гаражи и дворови во Охрид и Битола, во Кичево евакуирани околу 100 луѓе

Поради обилните врнежи од дожд, локалниот пат помеѓу селата Форино и Тумчевиште, Општина Гостивар, е тешко прооден. За состојбата се...

Свет3 часа

Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи...

Европа3 часа

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,...

Свет4 часа

(Видео) Топлотен бран ја погоди Австралија, властите предупредуваат на „катастрофален“ ризик од пожари

Делови од Австралија в петок го очекуваат катастрофални услови на избувнување пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од...

Европа5 часа

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во...

Европа5 часа

(Видео) Руски независни медиуми: Путин го прослави Божиќ во тајна воена база

Рускиот претседател Владимир Путин очигледно не го прославил овогодинешниот православен Божиќ во една од познатите московски катедрали, туку во црква...

Македонија5 часа

Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан

Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга...

Свет6 часа

Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе купува само американски производи

Претседателот на САД, Доналд Трамп извести дека Венецуела ќе ги користи своите приходи од нафта за купување исклучиво американски производи....

Македонија15 часа

Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и...

Македонија15 часа

Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија

По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни...

Македонија16 часа

Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би...

Македонија24 часа

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за...

Македонија1 ден

МВР ќе утврдува зошто новите службени возила биле осветувани со верски обред

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за целосно...

Македонија1 ден

Државниот врв со божиќни честитки: Пораки за мир, семејство и солидарност

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши упатија божиќни честитки до...

Свет1 ден

Трамп: Постигнавме договор за нафтата од Венецуела, ние ќе ги контролираме приходите

Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари, изјави...

Македонија1 ден

Денеска е Божик – денот на христовото раѓање

Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово –...

Европа2 дена

Коалицијата на волните договори што по мирот во Украина

Триесет и пет земји од таканаречената Коалиција на волните во вторникот ја поддржаа Париската декларација во која се детално опишани...

Свет2 дена

Берни Сандерс: Шест причини зошто нападот на Трамп врз Венецуела е погрешен

Нападот на САД врз Венецуела во текот на викендот предизвика остри осуди од целиот свет, а критики беа упатени и...

Европа2 дена

(Видео) Маж избол до смрт кондуктер во Италија, па избегал со воз: во тек е масовна потрага по Хрват

34-годишниот кондуктер Алесандро Амброзио беше избоден до смрт синоќа на главната железничка станица во Болоња. Полицијата го идентификуваше осомничениот напаѓач...