Црна хроника
Почнува судењето против дедо Љубе
Во Основниот суд во Куманово во 10.30 часот се очекува да започне судскиот процес против дедо Љубе кој пред две години уби еден од двајцата разбојници кои го нападнаа во неговиот дом. Обвинителството го гони за три кривични дела: убиство на миг, убиство во обид и неовластено држење оружје.
Инцидентот се случи пред две години, кога во домот на Љубoмир Митев и неговата сопруга, во кратовското село Којково, според кажувањата на дедо Љубе, ги нападнале двајца разбојници кои ги измачувале и сакале да ги ограбат. Но, дедо Љубе успеал да се ослободи и застрела еден од натрапниците.Дедо Љубе доби голема поддршка на социјалните мрежи преку кои се бара слобода за старецот, а се очекува граѓаните да му дадат поддршка и денеска пред Основниот суд во Куманово./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварци измамиле болно лице да им ја продаде куќата четири пати поевтино, МВР поднесе кривична
Против двајца гостиварци на возраст од 51 и 76 години, МВР поднесе кривичи пријави за измама, соизвршителство и помагање поради доведување во заблуда на лице со одземена деловна способност.
„Првопријавениот, во периодот од 2018 до крајот на декември 2024 година, со намера да се стекне со сопственост врз недвижен имот со поголема вредност, заедно со вторoпријавениот во својство на купувач, довеле во заблуда лице со одземена деловна способност да им продаде семејна куќа во Гостивар со пазарна вредност од 21.490.000 денари, да ја купат за 5.231.750 денари“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Двајца скопјани пријавиле дека биле нападнати од соседите во центарот на градот
Вчера во 14.50 часот во СВР Скопје, 35-годишниот З.Т. од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот пред станбена зграда на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот сосед Ј.Т.(39) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера попладне, во 15.15 часот во СВР Скопје, 39-годишниот Ј.Т. од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот пред влезната врата од неговиот стан на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од негова сосетка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор „Скопје“ пронајдена дрога
Денеска во 04.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.