Црна хроника
Притвор за претседателот на кумановскиот суд и уште шестмина од акцијата „Удар“
Притвор во траење од 30 дена им одреди судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 на претседателот на кумановскиот суд, Муса Сулејмани и на уште шестмина уапсени во полициската акција „Удар“.
На тројца им се одземени пасошите со обврска да се јавуваат во суд и да не го напуштаат живеалиштето, а еден од осомничените е во куќен притвор. Од вкупно 12 осомничени во акцијата „Удар“, приведени беа 11, а по еден сé уште се трага.„За осомничените С.И., Н.И., Б.И., Ш.И., А.Н., А.А. и М.С. постојат околностите за определување мерка притвор од чл. 165, ст. 1, 2 и 3 односно опасност да се даде во бегство, околности кои укажуваат дека може да ја попречуват кривичната постапка и страв да не го повторат кривичното дело, па затоа на сите седум осомничени им определи мерка притвор во траење од 30 дена. На осомничените И.Г., И.Џ. и М.С и определи мерки за претпазливост, односно одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање, обврска повремено да се јавува во судот и забрана да не го напушта живеалиштето“, соопштуваат од Судот.Криминалната група од Студеничани и Арачиново се товари дека давала заеми, но со закани барала огромни камати и суми да им се вратат. Освен за лихварство осомничени се и за криумчарење мигранти.Претседателот на судот пак се товари дека од водач на групата зел мито од 19.000 евра за да биде ослободено лице на кое му се судело за убиство во кумановскиот суд./крај/мф/ффс
Извор: Фото: Академик.мк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Подигнал пари од банка со полномошно од сметка на починато лице, поднесена кривична пријава
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Х.(61) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, од девизна сметка на починато лице, на кое бил полномошник, во два наврати извадил парични средства во вредност од 18.550 американски долари и 11.750 евра и покрај тоа што знаел дека со смртта е прекинато и полномошното.
Црна хроника
18-годишна скопјанка нападната во влез од зграда, маж ја допирал по телото
Вчера во 22.00 часот во СВР Скопје, 18 – годишна девојка од Скопје пријавила дека во влез од станбена зграда на подрачјето на Центар, едно машко лице ја допирало по телото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери пронајдена мртва
Идентификувано е телото кое пред неколку дена беше пронајдено во реката Вардар. Се работи за Лидија Трајковска, жената од Јурумлери која исчезна во ноември минатата година.
Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково.
Лидија (43) исчезна на 8 ноември минатата година, кога последен пат била видена на автобуската станица во селото.
Потрагата по неа траеше неколку месеци, а нејзиниот брат и сестра барале и меѓународна помош за да ја пронајдат.