Забава
Идните невести одбираа совршен фустан
Петтата модна ноќ на невестите под мотото „Real venue for real brides“, во недела вечер ја отвори ревијата на салонот за венчаници „Зиане“ со креација која ја носеше познатата ТВ водителка Милена Антовска во „Скопје Мериот хотел“.
„Инспирацијата за колекцијата ја добив замислувајќи ги идните невести како од спортската дневна линија на облекување се трансформираат во гламурозен изглед за специјалниот најубав ден во животот“, објаснува дизајнерката Зиане Бакиу.
Веднаш потоа Наташа Карчева од ателјето „Ал Апарел“ ги прикажа креациите од „Timeless beauty“ за кои вели „акцентот е ставен на женската силуета која суптилно се назира во прозрачните материјали: француската свила, најмекиот тул, богато везени тантели и цврсти брокати надополнети со многу рачно изработени детали. Цветните принтови и 3Д форми повторно ги надополнуваат лелеавите здолништа.“
„Elizabet design studio“ инспирирано од животната енергија симболично ја нарече новата колекција „ВИГОР“. Автентичен авангарден израз за невести кои имаат личен стил, смели да се вклопат во современиот стил на живеење каде покрај естетиката важен е и комфорот. Изборот на материјали е внимателно селектиран и придонесува оваа година венчаниците да бидат во винтиџ стил, осовремен со модерен израз.
На овогодинешниот „The Bridal Fashion Night“ учество земаа и ателјето „Vlora&Kaltrina“ како и косовската модна куќа „Менакон“ која вчеравечер претстави гламурозна колекција наречена „BROF“ со раскошни венчаници низ кои се прелева палета од бои и луксузни материјали.
Вечерта во организација на Моден викенд Скопје ја затвори ревијата на дизајнерката Јасмина Дракул.
„Инспирацијата за колекцијата ја црпев од моќноста и уникатноста на гламурозните венчаници и тоалети на кралските семејства, поврзана со лежерниот романтизам со цел да се долови тој гламурозен изглед на нашите постори по кој многумина мечтаат. Моите креации ја претставуваат жената која е нежна а моќна, вистинска кралица на својот посебен ден.“, вели Дракул.
„Скопје Мериот хотел“ е местото со дизајнерски уреден и високо стилизиран ентериер што на свадбената веселба и дава есктравагнатен амбиент. Сите брачни двојки кои ќе ја организираат прославата токму таму, добиваат ексклузивен подарок- првата брачна ноќ да ја поминат во една од уникатните соби во хотелот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Меланија Трамп ја украси Белата куќа за Ноќта на вештерките
Меѓу контроверзиите околу градежните работи во Белата куќа, Меланија Трамп ги покажа своите декорации за Ноќта на вештерките, подготвувајќи се за традиционалната прослава што ќе се одржи недалеку од срушеното Источно крило.
Нејзината канцеларија објави фотографии од подготовките со порака: „Белата куќа се подготвува за Ноќта на вештерките 🎃“.
The @whitehouse is getting ready for Halloween 🎃 pic.twitter.com/J7LAs6hqfl
— Office of the First Lady (@FirstLadyOffice) October 28, 2025
Есенска атмосфера и многу тикви
За разлика од претходните години, Меланија се чини дека се одлучила за поедноставна декорација за претстојната Ноќ на вештерките. Задниот влез и скалите се покриени со тикви, додека шарени лисја ги красат столбовите на тремот. Целокупниот впечаток повеќе потсетува на есенска тема отколку на Ноќта на вештерките, што можеби била намерна одлука за да не се исплашат најмладите гости кои доаѓаат на традиционалното собирање слатки.
Забава
Меган Фокс за мајчинството: Не сум спиела седум месеци
Американската актерка Меган Фокс (39) искрено проговори за предизвиците на мајчинството по раѓањето на ќерката Сага, која ја доби со свршеникот Колсон Бејкер.
На проекција на филмот Jennifer’s Body во Лос Анџелес, Фокс откри дека по породувањето, се соочува со силна исцрпеност.
„Само што родив бебе и страдам. Не сум спиела седум месеци“, изјавила таа објаснувајќи дека има тешкотии со концентрацијата и со меморијата.
Актерката додала дека по породувањето, се споредила со трансформацијата на својот лик во чудовиште од филмот, алудирајќи на психолошките промени што ги чувствува.
Иако постојат шпекулации за развод, таа и сопругот останале заедно и по тешкиот период, вклучувајќи го губењето на бременоста во 2023 година, што Меган го опиша како длабоко емотивно и болно искуство.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон во спектакуларен фустан: актерката во креација на „Валентино“ по шест години
Популарната актерка Дакота Џонсон блесна на настанот Vogue World 2025: Hollywood кога се појави во спектакуларен фустан од модната куќа „Валентино“ и покажа зошто е една од најзаводливите холивудски ѕвезди.
Интересно е што таа не ги носела креациите на оваа престижна италијанска модна куќа на црвениот тепих веќе шест години, но соработката е обновена и сигурно ќе уживаме во нејзините спектакуларни изданија и во наредниот период.
@dakotajohnsonarg this cutieeeee!!! 💗🤏🏻🥹 #dakotajohnson #VogueWorld #vogue #voguemagazine #hollywood ♬ what is love haddaway – whitelinesprettybabyy
Дакота, во соработка со стилистката Кејт Јанг, избра многу впечатлива креација од колекцијата пролет 2026, фустан украсен со мониста во нежни, пастелни бои по целата должина.
Инспириран е од 20-тите, а е посебен поради везот на деколтето и делумно проѕирниот дел од тил во нежно розова боја. Друг интересен детаљ е високата јака, која исто така е изработена од тил, но во друга боја. Со овој фантастичен фустан Дакота избра нежно розови чевли од „Валентино“, како и дискретен накит.
@gbr.mag me encontro obcecada pelo look da dakota johnson no vogue world 🥹🤍 #tiktokfashion #dakotajohnson #vogueworld #fashion #moda ♬ original sound – lana del rey ୨୧
Провокативната и ефектна комбинација ја комплетира со црна чанта, а додека фотографите ја фотографираа, таа не можеше да ја тргне насмевката од лицето.
фото: принтскрин









