Региони
Велешка питијада од 10-ти октомври
Фестивалот на пити и вино „Велешка питијада 2014“ ќе се одржува од 10-ти до 12-ти октомври, на просторот пред кафетериите, на улица „Благој Ѓорев“.
Фестивалот на пити и вино „Велешка питијада 2014“ ќе се одржува од 10-ти до 12-ти октомври, на просторот пред кафетериите, на улица „Благој Ѓорев“.
Питијадата како културна манифестација во Велес годинава се одржува по 11 пат, а интересот за учество е сè поголем, изјави во вторник градоначалникот Славчо Чадиев.
„Интересот за учество на оваа манифестација година е многу поголем како од производители на пити, така и од винарии затоа што питата и виното секогаш одат заедно. До сега има пријавено 30-тина учесника од Велес и регионот, прозводители на пити и винарии. Учесниците од регионот се винарии од општините од Вардарскиот плански регион. Бројката на учесници се уште е отворена и подготвени сме да обезбедиме штанд за секој учесник”, истакна Чадиев.
Питијадата, додаде, се организира за да се зачува традицијата, питата како бренд на Велес, а при тоа да се презентира и добра забава за посетителите.
Во музичкиот дел на 10-ти, петок, од 18 часот ќе настапат Миле Кузмановски и Наум Петревски согрупа „Виртус“, Ефто Пупиновски, Блага Петреска со групата „Академци“ и Нино Величковски со „Кумановски тамбураши“.
Во сабота, во вечерните часови ќе настапи Маид познат на публиката од шоуто Икс фактор, домашната рок група „Ареа“ и „Прљаво казалиште“.
На последниот ден, недела, ќе настапат Дани, Александар Тарабунов и Бени Шакири со групата „Нон-Стоп“ чиј настап и официјално ќе ја заокружи годинешната манифестација.
Преку цел ден ќе биде организирана програма со велешки естрадни уметници, од петок од 12 часот, па до недела до 18 часот. Ќе настапуваат младите училишни бендови, КУД од градот, „Распени велешани”, основците и дечињата од градинка, но ќе ги видиме и чуеме и групата „Соната”, „Коктел бенд”, „Зрак”, „Екстрем бенд”, „Тренд бент”, „Ноншалант парадокс”, „Евергрин бенд”, „Сенатор бенд” и други.
Во ноќните часови по завршување на концертите присутните гости ќе ги забавува Диџеј Мастер Хип.крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.