Регион
Двајца Словенци злоставувале 26-годишен маж, а видеото го објавиле на Facebook
Словенија е згрозена од злосторството што во неделата кон понеделникот се случило во село близу Кршко, при што двајца злоставувале 26-годишен маж, тоа го снимиле и го поставиле на Facebook, каде било прегледано од 230.000 корисници на мрежата.
Facebook, по интервенција на полицијата го отстранила 23-минутното видео од тортурата. На видеото се гледало како момчето е злоставувано, како се пцуе, а двајцата мажи му се закануваат. Анонимен човек пријавил во полиција, а од таму со помош на снимката го лоцирале местото на злосторството, ливада во близина на селото Подбочје кај Кршко.
Жртвата е најдена во 4 часот утрото, во несвест, крвав, смрзнат и со тешки повреди на главата и телото. Итно е префрлен во болница во ново Место, па во Љубљана, каде лекарите велат сè уште се бори за живот.
Двајцата напаѓачи на возраст од 20 и 29 години се од околината, притворени се и се претпоставува дека се познавале со жртвата, поради што полицијата се сомнева на лично нетрпение, кое го поттикнало насилството.
Некои психолози предупредуваат дека ваквите настани имаат силно влијание затоа што се пренесуваат преку социјалните мрежи. Конкретната снимка била отстранета по неколу часа, а до тогаш ја прегледале повеќе од 230.000 луѓе, меѓу кои и многу млади, додека некои дури и кликнале `like`./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ се огласи за штрајкот со глад на Весиќ: Министерот во оставка одбива храна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по посетата на штандовите на саемот за вино пред новинарите се изјасни за штрајкот со глад на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во заминување, Горан Весиќ.
Вучиќ рече дека му е жал поради тоа.
– Жал ми е поради тоа, ако можам на кој било начин да стапам во контакт со него, ќе го замолам да не го прави тоа. Тоа е се што можам да кажам – рече претседателот.
Српеските медиуми потсетуваат дека Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Србија пет дена по трагедијата во Нови Сад.
Откако вчера излезе веста дека министерот во оставка Весиќ е меѓу 11-те уапсени за падот на настрешницата, тој на својот Фејсбук профил
објави:
„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад.
Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани.
Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот“, рече тој.
Регион
Падна снег, дува силен ветер: делови од Хрватска без струја, автопатот затрупан
Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.
Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.
Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.
Регион
Силен земјотрес во Грција: се стресе островот Кос
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција.
Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри од градот Кефалос на островот Кос на длабочина од 104 километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета.