Uncategorized
Италија воведува единствен данок за странците, цел се богатите
Италија воведе единствен данок за богатите странци за да им конкурира на сличните иницијативи во Велика Британија и во Шпанија, кои успешно ги привлекуваат бројните богати ѕвезди од фудбалот и шоу бизнисот.
Отсега сите странци коишто како место за престој за потребите за даночење на приходите остварени каде и да е светот ја одберат Италија, во иднина ќе плаќаат 100.000 евра данок годишно.
За тоа даночно олеснување ќе бидат квалификувани физички лица кои живееле во странство најмалку девет од претходните десет години и имаат доволни високи приходи за износот од 100.000 евра години им биде прифатлив како сума за даночните обврски.
Доколку во Италија ги пријавил и блиски членови на семејството, износот ќе се зголемува за дополнителни 25.000 евра по лице.
Физичките лица имаат статус на италијански резидент за даночни цели доколку во земјата престојуваат повеќе од половина година. Според италијанскиот даночен закон, единствената даночна обврска за странците ќе може да се обновува секоја година, најмногу до 15 години.
Се очекува дека тој потег, предложен за оваа година, во кус рок е привлече во Италија најмалку илјада лица, според процените на италијанските медиуми.
Италија со овој потег коренито ја менува досегашната даночна политика имајќи предвид, дека 2007 година даночните власти го обвинија сонародникот Валентино роси, светскиот шампион во мотоциклизам, поради неплатен данок и го отфрлија неговото оправдување дека главното место на престој му е Лондон. Роси на крајот од 2008 година плати 19 милиони евра за да го намири даночниот долг кон државата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Најмалку 10 лица загинаа во пожар во Шпанија
Најмалку 10 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во североисточна Шпанија.
Пожарот избувна рано утринава во домот „Вила Франко де Ебро“, во близина на Сарагоса.
Причината сѐ уште не е позната.
Uncategorized
Филипче: Само за камати за унгарскиот кредит годишно ќе се платат 18 милиони евра
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека каматите за кредитот од Унгарија на годишно ниво ќе изнесуваат околу 18 милиони евра. Филипче порача дека граѓаните ниту се должни ниту имаат некаков бенефит од плаќање на камати за овој кредит. При тоа, Филипче потенцираше дека повлекувањето на парите од унгарскиот кредит, отвора сериозно загрижувачки прашања, односно дека ниту општините се подготвени да ги искористат, ниту пак има развиен механизам како ќе се поделат парите на компаниите, а во меѓувреме граѓаните ќе плаќаат камати.
„Годишно каматите за тој кредит ќе изнесуваат околу 18 милиони евра. Тоа значи дека ние веќе плаќаме камати за кредит којшто е целосно повлечен иако можело да се повлекува на пример по делови, а едноставно не може да искористи. Тоа значи дека кога некој граѓанин ќе купи стан или кола, ќе земе кредит, а станот или колата ќе му дојдат следната година. Тоа нема никаква домаќинска логика. Не знам зошто премиерот и Владата вака недомаќински се однесуваат со ресурсите на државата и со парите на граѓаните. За да се направат проекти, за да се реализираат и за да се стигне до наплата треба сериозен број на месеци, а ние имаме најмалку шест месеци период во којшто граѓаните плаќаат камати без никаква потреба“, рече Филипче.
Во однос на механизмот за поделба на парите кон компаниите, Филипче потенцираше дека Владата и за овој дел нема план и дека очекувано ќе биде комерцијалните банки за своите трошоци да ја зголемат каматната стапка.
„Не станува збор очигледно за така поволен кредит како што Владата сакаше да го рекламира на почетокот. Моите информации се дека има компании коишто се добро рангирани кои од нашите банки земаат кредит со каматна стапка под 3%. Тоа значи дека има многу поповолни кредитни линии за компаниите. Зошто граѓаните да плаќаат камати и да враќаат кредити за развој на некои компании. Каков бенефит ќе имаат граѓаните кога ќе плаќаат кредити за развој на некои комерцијални компании? Зошто не беше премиерот и Владата фер да кажат дека каматата нема да биде само 3,25%, туку дека ќе биде многу повеќе, а сега во овој временски период и значајно повеќе од тоа што реално може да се најдат пари на пазарот и преку комерцијалните банки“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Uncategorized
Русија изврши напад врз Украина со крстосувачки ракети и беспилотни летала напаѓајќи го Киев
Во текот на ноќта и утринава Русија ја нападна Украина со стратешки бомбардери, крстосувачки ракети од различен тип и наведувани воздушни бомби, а нешто подоцна следуваше и самоубиствен напад со беспилотно летало, соопштија украинските власти.
Според податоците на украинските воздухопловни сили, шест авиони „ту-95 мс“ полетале за Украина, пренесува „Укринформ“.
Одбранбените сили на Украина на „Телеграм“ објавија дека до 10 часот денеска собориле два крстосувачки ракети „Х-101“, кои биле лансирани од областа на Каспиското Море, како и две балистички ракети „Искандер-М/КН-23“ лансирани од Воронежскиот регион во Русија.