Црна хроника
Една жртва во сообраќајката кај Кавадарци
– Архивска фотографија
Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи во неделата околу 7,45 часот на регионалниот пат Кавадарци – село Дреново.
Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи во неделата околу 7,45 часот на регионалниот пат Кавадарци – село Дреново.
Кај месноста Лазов мост се судриле автомобил „шкода“ со кавадаречки регистарски ознаки управувана од 62-годишниот Бранко Д. од Кавадарци и автомобил „ауди А-6“ со прилепски регистарски ознаки управувано од З.К.. Во незгодата со потешки повреди се здобил кавадарчанецот, кој е пренесен во Ургентен центар Скопје каде што, за жал, им подлегнал на повредите, информираше во неделата Министерството за внатрешни работи./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
53-годишен пешак од Украина загина кај граничниот премин Долно Блаце

22-годишната Б.С. од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, удрило во пешакот К.М. (53) од Украина, кој подоцна им подлегнал на повредите.
Несреќата се случила вчера околу 18:00 часот, на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце кога 22 годишната девојка удрила во 53-годишниот Украинец.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен со возило на Итна медицинска помош од Косово во најблиската болница. За жал, во 20:20 часот лекарите констатирале смрт. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција за да се утврдат точните околности на трагедијата.
Б.С., исто така се здобила со телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во приватна болница во Скопје. На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје, а истрагата е во тек за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен штипјанец кој „летал“ со 252 км/ч или двојно повеќе од дозволеното

36-годишниот Г.Ј. од Штип вчера беше приведен од страна на полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија откако на автопатот „Пријателство“ кај селото Милетково возел со неверојатни 252 километри на час.
Како што информира МВР, возачот управувал патничко возило марка „БМВ“ со скопски регистарски таблички, и тоа на делница каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Крвава драма во Битола: Со нож го повредил братот на поранешната сопруга, па ја нападна и неа

30-годишен маж од битолското село Лера е уапсен откако со остар предмет нападнал млад битолчанец и ја претепал својата поранешна сопруга. Инцидентот се случил синоќа околу 21:40 часот во Битола, соопшти СВР Битола.
Според информациите, осомничениот Џ.Р. (30) најпрво во пекарница во градот физички го нападнал 25-годишниот И.Л. од Битола, брат на неговата поранешна сопруга, нанесувајќи му повреди со остар предмет. Потоа, со употреба на сила, ја внел во возило својата 23-годишна поранешна сопруга и физички ја нападнал.
Полицијата интервенирала и го лишила од слобода осомничениот, а за случајот е известено и Јавното обвинителство.
„По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од СВР Битола.