Црна хроника
Двајца расечени во Тетово

Две лица се здобиле со расекотини и убоди по вратот, грбот и рацете, откако биле нападнати од едно лице во Тетово, кое полицијата подоцна го уапсила заедно со неговиот брат.
Имено, во понеделник половина час по полноќ, во Тетово, по претходно известување за потреба од екипа на Итна медицинска помош за укажување на медицинска помош на лица кои крварат, од ул. „Благој Тоска“ во Клиничка болница Тетово пренесени се И.К. со повреди нанесени од оштар предмет во пределот на вратот и грбот, кој по лекарската интервенција е препратен во Клинички центар Скопје и И.К. со расекотина во пределот на раката.
Во извршените разговори истите навеле дека повредите им ги нанел М.М. од Тетово, кој заедно со неговиот брат Р.М. биле приведени во полицијата Тетово.
Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против учесниците ќе бидат поднесени соодветни пријави./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.