Црна хроника
Во Скопје 11 сообраќајки, две лица потешко повредени
На подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа се случиле 11 сообраќајни несреќи. Од нив во две потешко се повредени еден возач на патничко возило, еден сопатник и еден мотоциклист, а со телесни повреди се здобил друг возач на патничко возило.
Во пет сообраќајки со полесни повреди се здобиле шест лица, а во четири сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.
Во текот на изминатиот ден полицијата открила 18 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината.
Двајца возачи се исклучени од сообраќај, бидејќи возеле под дејство на алкохол, а четворица поминале на црвено светло, односно не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница.
Деветнаесет возачи возеле со неважечка сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.
Со помош на специјалното возило, отстранети се 24 возила.
Одделението за превенција заедно со „Училишната сообраќајна единица“ денеска ќе превземаат превентивни мерки од областа на сообраќајот на подрачјето на Општина Центар, поточно на булеварот „Кочо Рацин“ пред ООУ Димитар Миладинов и на улицата „11 Октомври“ во непосредна близина на Градската болница..крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

