Европа
Шкотскиот парламент го поддржа новиот референдум за независност

Шкотскиот парламент во вторникот, ден пред официјалното започнување на процесот на излегувањето на Велика Британија од Европската унија, го поддржа барањето на премиерката Никола Старџен од Лондон да бара организирање нов референдум за независност.
Со 69 гласови „за“ и 59 „против“ пратениците на шкотскиот покраински парламент на шкотската премиерка Никола Страџен ѝ даде мандат од британската премиерка Тереза Меј и од британскиот парламент побара одржување на вториот референдум по првиот од 2014 година, на кој гласачите во мнозинство беа против.
Во покраинскиот парламент мнозинството го има Шкотската национална партија (SNP), на премиерката Старџен, која со поддршка на „зелените“ одобрија од на предложениот референдум за независност од Обединетото кралство кој би се одржал во периодот меѓу есента 2018 и пролетта 2019 година, односно пред завршувањето на преговорите за излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија..
Против идејата за референдумот за независност се шкотските конзервативци, лабуристите и либерал-демократите кои во дводневната дебата ја обвинија Старџен за политичка манипулација, и негрижа за благосостојбата на Шкотите.
Ова гласање требаше да се одржи на 22-ри март, но беше одложено поради терористичкиот напад во Лондон.
Старџен побара од парламентот одобрување на нејзиниот план откако истакна дека нејзините обиди да се постигне компромис со британската премиерка Меј за шкотските интереси во процесот на британското излегување од ЕУ не дале разултат.
Сега Никола Старџен сега треба да добие согласност од премиерката Тереза Меј и Вестминстер за распишување на нов референдум.
Денешното гласање се случи ден пред официјалното покренување на британското излегување од ЕУ во среда кога премеирката Тереза Мех ќе го активира членот од 50 Лисабонскиот договор. Без Брегзитот, за кој гласаа 52 отсто од Британците, но го отфрлија 62 отсто од шкотските избирачи, шкотската премиерка Старџен немаше толку рано да го бара новото изјаснување за независност, три години по првото кога заговорниците за независноста на контроверзниот плебисцит загубија со 45 наспроти 55 отсто.
„Околностите се променија со Брегзитот“, рече Стрџен која сака Шкотска да продолжи барем да биде дел од заедничкиот пазар на ЕУ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Зеленски: Русија со дронови ја дестабилизира Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ја дестабилизира Европа со користење беспилотни летала за саботажи и немири.
Зеленски, во видео обраќање доцна во вторникот, рече дека Москва ја користи својата таканаречена „флота во сенка“ не само за финансирање на војната со транспорт на нафта со танкери, туку и за саботажи и разни напори за поткопување на стабилноста низ целиот континент.
„Неодамнешните лансирања на беспилотни летала од танкери се еден таков пример“, рече тој, повикувајќи се на разузнавачки информации од украинските надворешни служби.
The Head of Foreign Intelligence reported in detail on how the Russians are utilizing tankers of their “shadow fleet” – not only to finance the war, but also for sabotage and various destabilization attempts in Europe. Recent launches of drones from tankers are one such example.… pic.twitter.com/B09UQo9EZK
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 7, 2025
Официјалните информации за потеклото на беспилотните летала неодамна забележани во земји, вклучувајќи ги Данска и Германија, сè уште не се потврдени.
Русија негираше каква било вмешаност.
Дмитриј Медведев, заменик-шеф на Советот за национална безбедност на Русија, посочи дека самите украински сили би можеле провокативно да користат вакви беспилотни летала за да ја вовлечат Европа во војна против Русија.
Украина, исто така, произведува беспилотни летала со долг дострел.
фото: принтскрин
Европа
Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и дека Москва има целосна стратешка иницијатива на бојното поле.
На состанокот со високи воени команданти, Путин рече дека украинските сили се повлекуваат од фронтот во сите сектори.
Тој нагласи дека Киев се обидува да пука длабоко на руска територија, но дека тоа нема да помогне да се промени ситуацијата во војната што трае повеќе од три и пол години.
„Во моментов, руските вооружени сили целосно ја држат стратешката иницијатива“, рече Путин на состанок во северозападна Русија, според Кремљ.
„Оваа година ослободивме речиси 5.000 километри територија, 4.900 километри и 212 населени места.“
Украинските сили, рече тој, „се повлекуваат по линијата на борбен контакт, и покрај обидите за жесток отпор.“
фото: принтскрин
Европа
Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество во геноцид поврзан со израелската офанзива во Газа.
Во интервју за италијанската телевизиска станица РАИ, Мелони рече дека министерот за одбрана Гвидо Кросето и министерот за надворешни работи Антонио Тајани се пријавени во Меѓународниот кривичен суд и рече дека „мисли“ дека тоа се однесува и на Роберто Чинголани, шефот на одбранбената групација Леонардо.
„Верувам дека нема друг случај во светот или во историјата со вакви обвинувања“, рече Мелони.
Таа не прецизираше кој го поднел случајот против неа и министрите.
Меѓународниот кривичен суд истражува, гони и суди лица обвинети за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.
Италија беше место на серија демонстрации во изминатата недела, при што стотици илјади луѓе излегоа на улиците во знак на протест против масовните убиства во Газа, а многу демонстранти беа насочени кон Мелони.
Нејзината десничарска влада, во голема мера цврст поддржувач на Израел, неодамна се дистанцира од она што го нарекува „несразмерна“ офанзива во Газа, но не прекина никакви трговски или дипломатски врски, ниту ја призна државата Палестина.
Мелони рече дека е „зачудена“ од обвинувањето за соучество во геноцид бидејќи „секој што ја познава ситуацијата знае дека Италија, на пример, не одобрила нови испораки на оружје во Израел по 7 октомври“.
фото: принтскрин