Контакт

Региони

Планот на ВМРО-ДПМНЕ за излез од кризата е неприфатлив за албанските партии

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Планот на ВМРО-ДПМНЕ за излез од кризата е неприфатлив за политичките партии на Албанците. ДУИ ги отфрли тврдењата на партијата на Никола Груевски дека странски држави се вмешале во внатрешните прашања на земјава, истовремено повикувајќи го ВМРО-ДПМНЕ да ја прифатат својата улога како опозиција и да ја деблокираат работата на Собранието, пренесува Алсат-М.

 

„Во Македонија немало ниту едно единствено вмешување од страна на соседите. Заедничката декларација на парламентарните партии на Албанците е автохтона, истата е продукт кој произлегува од изборните програми на нашите политички партии и сето тоа е собрано во еден единствен документ, кој го доставивме за време на преговорите и со ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и со СДСМ. Денеска се наоѓаме во околности каде ВМРО-ДПМНЕ е опозиција. Тие треба да го прифатат тоа дека се опозиција и да ги деблокираат процесите во Собранието на Македонија, за да можеме да одиме нанапред“, изјави Артан Груби од ДУИ.

 

Од Движењето „Беса“ истакнаа дека ВМРО-ДПМНЕ како причинител на политичката криза, не се достојни за да нудат стратегија за нејзино решавање.

 

„ВМРО-ДПМНЕ не се достојни да понудат решение за излез од кризата од проста причина што тие заедно со својот албански партнер се главните причинители што земјата денеска се наоѓа во оваа криза. Се’ што тие предложија и сторија, го сторија во овие 11 години на власт, а сите ние денеска ги трпиме последиците од тоа размислување и од таа Влада“, изјави портпаролот на Беса, Орхан Муртезани.

 

Алијансата за Албанците смета дека понудата на Груевски се стреми да ја изолира земјата и дека истата ги нарушува односите со соседите и со меѓународниот фактор.

 

„Оваа понуда за нас, како Алијанса е тотално неприфатлива бидејќи се обидува да ја изолира земјата. Втората причина е бидејќи се обидува да ги наруши регионалните и добрососедските односи, а третата и најважна причина е тоа што се обидува да ги наруши нашите пријателски меѓународни односи“, изјави Сурија Рушити од ДР ДПА

 

ВМРО-ДПМНЕ во вторникот го објави планот за излез од политичката криза кој предвидува договор меѓу политичките партии да не дозволат надворешно мешање за решавање на внатрешните несогласувања, вклучувајќи го тука мешањето и на меѓународните претставници и на оние од соседните земји. ВМРО-ДПМНЕ бараат и да воведе начелото „победник со победник“, како и да се утврди со Закон кому му припаѓа местото на претседател на Собранието./крај/мф

 

 

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 часа

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија18 часа

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија19 часа

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ21 час

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет22 часа

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија23 часа

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија23 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ1 ден

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа1 ден

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет1 ден

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет1 ден

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет1 ден

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа1 ден

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија1 ден

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија1 ден

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија2 дена

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија2 дена

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија2 дена

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...