Контакт

Daily news

Успешно работење на Групацијата Триглав – предложена дивиденда од 2,5 евра бруто по акција

Објавено пред

Работењето на Групацијата Триглав во 2016-та година беше успешно и во согласност со стратешките насоки, кои што се базираат на профитабилност и безбедност во работењето, како и на зачувување на финансиската стабилност, се вели во соопштението од компанијата.

dobivaj vesti na viber

На седницата одржана во вторникот, Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав го потврди ревидираниот годишен извештај за Групацијата Триглав и за матичната компанија за 2016-та година.

Управата и Надзорниот одбор ќе достават на одобрување предлог до Собранието на акционери, дел од акумулираната добивка, во висина од 56.837.870,00 евра, да се исплати во форма на дивиденда, што претставува 69% од консолидираната нето добивка на групацијата Триглав, реализирана во 2016-та година.

Се предлага дивиденда од 2,5 евра бруто по акција. Известувањето за повикот за одржување на Собрание на акционери на Заваровалница Триглав ќе биде објавено на 21 април.

Триглав Осигурување Скопје, кој што е дел од Групацијата Триглав, ја заврши 2016-та година со раст во осигурителната премија и со подобрување на комбинираниот количник, како показател на успешното работење во основната дејност.

Добивката на Групацијата повисока од планираната. Групацијата оствари бруто деловна добивка во висина од 95 милиони евра (планираната беше помеѓу 80 и 90 милиони евра), што се должи првенствено на успешното работење во доменот на осигурување.

Од друга страна, на работењето негативно влијание имаа сè уште неповолните услови на финансиските пазари, на кои што се должи падот во приносите од финансиските вложувања во висина од 27%, доколку не се земе во предвид портфолиото кое што предвидува носител на инвестициониот ризик да биде осигуреникот (unit-linked производи).

Веќе втора година по ред се забележува пораст во премиите. Групацијата обезбеди 936 милиони евра консолидирана бруто премија од осигурување и соосигурување, наспроти планираните околу 900 милиони евра. Во сите шест земји, во кои што работи Групацијата, постигнат е пораст во премија.

Во Словенија порастот изнесува 2%, додека пак на пазарите надвор од Словенија, каде Групацијата обезбеди 17,3% од консолидираната премија, просечниот пораст на премијата изнесуваше 2%, односно 9%, доколку при споредувањето се земе во предвид продажбата на чешката осигурителна компанија во 2015-та година.

Фактурираните бруто штети на Групацијата, како и бруто оперативните трошоци во осигурителната дејност беа 2% повисоки од претходната година, и тоа првенствено поради поради повисоките трошоци за аквизиција на осигурување.

Доброто работење во доменот на неживотно и здравствено осигурување во 2016-та година е очигледно од комбинираниот коефициент на Групацијата Триглав во висина од 92,9% (планираната вредност изнесува околу 95%). Овој индикатор ја мери успешноста во осигурителната дејност, без приносите од вложувањата, а неговата вредност под 100 значи позитивно работење.

Признатите рејтинг агенции S&P Global Ratings и А.М. Best го подигнаа и онака високиот кредитен рејтинг на Групацијата Триглав од »A-« на »A«. Рејтинзите имаат стабилна среднорочна прогноза.

Групцијата Триглав, како водечка осигурителна и финансиска групација во Словенија, го покачи својот пазарен удел за 0,2 процентни поени, достигнувајќи 36,2%. Својата позиција ја подобри на пазарите во Србија и во Хрватска, додека во Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора нејзиниот удел на пазарот падна за помалку од 1%, но и покрај тоа, на овие пазари Групацијата убедливо ја задржа својата водечка позиција.

Групацијата Триглав следниот четиригодишен период го започна во насока на градење на модерна, иновативна и динамична финансиско-осигурителна групација, која што цврсто стои на водечката позиција во Словенија и во поширокиот регион.

Новата стратегија главниот акцент го поставува на работење прилагодено на клиентите и насочено кон дигитализација, повеќеканален пристап и асистентски услуги. Осигурувањето и управувањето со средства остануваат двата столба на Групацијата Триглав, со тоа што вториот столб ќе биде дополнително зајакнат.

Групацијата останува присутна на постојните пазари во регионот, во кој што и понатаму има намера да работи одговорно и активно.

„Задоволни сме со работењето во 2016-та година, а резултатите се дури и повисоки од планираните. Во 2017-та година влегуваме во нов четиригодишен период. Управата и Надзорниот одбор на овогодинешното Собрание на акционери заеднички ќе предложат распределба на акумулираната добивка на Групацијата и исплата на дивиденда за 2016-та година, во согласност со политиката за дивиденди на матичното друштво. За таа цел се зема во предвид постоечката и очекуваната адекватност на капиталот на Групацијата, како и користењето на капиталот и изворите на капитал според сопствената процена на ризик. Во случај да се одобри дивиденда со предложениот износ, акцијата на Заваровалница Триглав ќе остане една од акциите со највисок принос на дивиденда во Словенија и глобално, во осигурителниот сектор”, изјави Претседателот на управа на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар.

Одличните резултати на Триглав Осигурување Скопје во 2016-та година се показател на финансиската стабилност на компанијата.

Континуитетот во успешно работење е резултат на квалитетот на услугите кои што компанијата ги нуди, како и експертизата во работењето, за што е повторно доказ водечкиот удел на пазарот на неживотно осигурување на крајот на годината од 17,9%.

Во 2016-та година Триглав обезбеди 2,4% повисока бруто полисирана премија, споредено со 2015-та година, поточно 21,6 милиони Евра.

Според Ѓорѓе Војновиќ, главниот извршен директор на компанијата, најдобар показател за работењето во основната, осигурителна дејност е сепак комбинираниот коефициент, кој што треба да има вредност под 100%. Триглав, на крај на 2016-та година оствари комбиниран коефициент од 99,1%, откако компанијата успеа да го намали за 2,6 процентни поени, во споредба со претходната година.

“Ни причинува особено задоволство што имаме диверсифициран пораст на премија, која што ја прикажуваат скоро сите продажни места на Триглав во земјата. Најголем раст реализиравме во доброволното здравствено осигурување, што е особено важно, имајќи во предвид дека станува збор за стратешки важен производ. Да се биде лидер на пазарот е предизвик, бидејќи очекувањата од клиентите и јавноста се високи, но и одговорност, бидејќи треба да придонесеме кон развојот на осигурителната индустрија во земјата. Инвестираме во нови, иновативни производи, така во 2016-та година воведовме две нови услуги, автомобилска и домашна асистенција, како додадени вредности на постоечките производи. Покажуваме одлични резултати, па така и оваа година добивме признанија за најдобар квалитет на услуги, како и најдобра понудена вредност за парите. Постигнатите резултати, како и задоволството на клиентите се резултат на успешното спроведување на одличната деловна стратегија и на победничкиот пристап во справување со предизвиците”, дополни во оваа прилика Војновиќ. /крај/со/ст

Copyright 2017 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax. Во спротивно makfax го задржува правото да го фактурира преземениот текст согласно својот ценовник и правила.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија3 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија5 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет21 час

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија21 час

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија22 часа

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија1 ден

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет1 ден

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија1 ден

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет1 ден

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет1 ден

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет2 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија2 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија2 дена

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија2 дена

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет2 дена

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ2 дена

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...