Европа
Француската крајна десница очекува триумф на локалните избори
Избирачките места во Франција беа отворени во неделата наутро во 8 часот на првиот круг од локалните избори, освен во главниот град Париз и во Лион, а се очекува дека Националниот фронт (FN), партијата од крајната десница, ќе освои најмногу гласови.
Изборите се одржуваа во 98 од 101 француски департман и се избираат повеќе од четири илјади советници во демартманските совети на мандат од шест години.
Вообичаен овие избори не предизвикуваат големо внимание, меѓутоа овојпат тоа ќе се гледа низ призмата дали Марин Лепен, челничката на Националниот фронт, има доволен поден за успех на претседателските избори во 2017 година.
Испитувањето на јавното мнение коешто за дневниот весник Le Figaro со спроведе институтот Ifop покажува дека Националниот фронт ќе добие 30 отсто од гласовите во недела, а веднаш зад него е опозициската конзервативна партија Движење на народно единство (UMP) на поранешниот претседател Николас Саркози задоено до UDI, коалициски партнер од десниот центар,. Социјалистите на актуелниот француски претседател Франсо Оланд,, според оваа анкета, ќе освојат само 19 отсто од гласовите.
„По неколку месеци тргнува на регионите, а потоа и во напад на Елисејската палата“, изјави претходно седмицава Марин Лепен. Националниот фронт сака да ги убеди гласачите дека се трансформирал од некогашна партија на протести којашто ја прикажуваат како расистичка и која го негира холокаустот во модерна партија, за која неговата челничка вели дека има уверливи шанси на претседателските избори за две години.
Иако не е веројатно дека Националниот фронт ќе успее да освои многу советнички места во вториот круг од изборите на 29-ти март, поради прелевање на гласовите меѓу другите две големи партии, водството во првиот круг ќе се смета за надоградување на претходните успеси, меѓу другото и на изборите за Европскиот парламент од мај 2014 година кога партијата доби повеќе гласови од сите друг француски партии.
Во моментов француската левица се наоѓа на чело на 61 од 101, а на вториот круг на 29-ти март може да се случи да загуби триесетина. Социјалистичките челници едногласно има најавија на своите приврзаници дека во вториот круг да гласаат за UMP, а не за Националниот фронт.
Во вториот круг, пак, UMP би можел затоа и добро да мине, што би било воедно и тест за поранешниот претседател Саркози кој по поразот на претседателските избори прво се повлече од политиката па го најави враќањето. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.
Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.
„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.
Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.
Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.
Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.
фото: принтскрин
Европа
Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.
Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин

