Европа
Од Spiegel објаснија за насловната со Меркел во нацистичка монтажа
Главниот уредник на германскиот магазин Der Spiegel, Клаус Бринкбојмер, во својата колумна на интернет изданието на списанието во саботата ја појасни причината поради која саботниот број на насловната страница неделникот ја претстави канцеларката Ангела Меркел со фотомонтажа опкружена со офицери од Третиот рајх.
Како што вели главниот уредник на неделникот, фотомонтажата всушност треба да претставува пародија на европските гледања на Германија.
„Нашата статија појаснува зошто минатото не заминува и зошто во рамките на дискусиите за водечката улога на Германија во еврозоната одново се покренува прашањето за национал-социјализмот. Новинарите спроведоа истражување во Германија, Италија, Британија, во Брисел и во Берлин, и појаснија зошто одамна правно затворените прашања за барањата за исплаќање на воените репарации повторно се поставуваат“, вели Клаус Бринкбојмер во својата колумна.
Бројот на Der Spiegel од саботата, 21-ви март, излезе со насловна страница на којашто германската канцеларка Ангела Меркел со помош на фотомонтажа е ставена со фотографии на нацистичките офицери кои влегле во грчката престолнина Атина во 1941 година. Корисниците на социјалните мрежи и некои германски медиуми бурно реагираа на насловната страница на изданието на еден од најголемите и највлијателни германски весници.
Барањето репарација од Втората светска војна е идеја којашто потекна од претходната конзервативна влада на Антонис Самарас од 2013 година, но не беше упорна во овој процес. Берлин неколкупати одговори дека воената отштета со Грција е решено прашање.
На почетокот од февруари, кога ова прашање повторно го отвори новата влада во Атина, германскиот вицеканцелар и министер за економија, Зигмар Габриел, одлучно ја отфрли ваквата можност. „Веројатноста на Грција да и’ исплатиме отштета е нула“, рече Габриел додавајќи дека пред 25 години е потпишан договор кој ги оневозможува таквите барања од грчка страна.
Германија од крајот на војната во 1946 година, според договорот ѝ ги исплатила репарациите на Грција, и активно го поддржала обновувањето на земјата, појасни во неколку наврати изминатите години Берлин. Германија ѝ платила на Грција во 1960 година, 115 милиони тогашни германски марки (67 милиони тогашни американски долари) за штетата предизвикана од окупацијата во периодот од 1941 до 1944 година, кога стотици илјади луѓе во Грција починале од глад или биле убиени. Грчките влади, пак, сметаа дека овие исплати се несоодветни.
„Спогодбата за конечно решение со обѕир на Германија“, попознат како „Спогодбата два плус четири“, којашто во септември 1990 година, непосредно пред обединувањето на Германија, го потпишаа тогашните Западна и Источна Германија и четирите земји сојузнички од Втората светска војна. Со тој документ, што го потпишала и Грција, повлечена е линија под можните идни барања кон Германија за воена отштета, вклучително и за тоа што тогашната грчка централна банка била принудена да им даде пари на нацистите.
Грција минатата седмица донесе одлука дека парламентарна комисија треба да ја процени висината на бараните репарации, а во средата во Атина со износ до 332 милијарда евра. Грција министерството правосудство се закани дека, доколку Германија го одбие барањето, ќе ги запленува германските недвижнини во Грција. Станува збор за зградата на Гете институтот во Атина, Германскиот археолошки институт и германските училишта во Атина и во Солун./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.