Daily news
ССК: Потребно е унапредување на техничко-технолошките капацитети на компаниите
Унапредување на техничко-технолошките капацитети на компаниите е предуслов за развој на нови и постоечки производи се со цел зголемување на нивната конкурентност, извоз како и освојување на нови пазари, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК).
Богослав Ангелоски, член на Управен одбор на ССК со искуство во областа на машинството и индустријата, рече дека услов да се постигне тоа е полесен пристап до финансиски средства во насока на обновување на машини со современа и висока технолошка вредност заради добивање на краен производ со поголема додадена вредност.
„За поголем развој на индустриското производството и финализирање на производи со поголема додадена вредност, потребен е економски план за развој, а врз основа на истиот да се изработи стратегија за извоз на македонски производи на странските пазари во контекст на принципите на ЦЕФТА и Светската трговска организација. Паралелно како континуиран процес треба да се посвети внимание на креативноста, мотивацијата и квалитетните иновативни придобивки, кои ќе влијаат на зголемување на претприемачкиот дух кај домашните компании како двигатели на севкупниот економски развој“, изјави Ангелоски.
Тој додаде дека од посетите на саемските манифестации и бизнис форумите годинава во најзначајните светски економски центри во Европа и Азија, како Германија, Италија, Јапонија, Кина, очигледен е трендот на нужната потреба од следење на техничко технолошкиот развој.
„Особено е важно е да ги следиме сите релевантни европски и светски трендови во областа на индустријата, како иновациите, новите технологии и новите компании кои се присутни на пазарите. Имплементирањето на трендовите е во насока на понуда на врвни производи со квалитет и услуга кои ќе бидат конкурентни како на домашниот така и на странските пазари. Иновативноста во развивање нови производи и технолошкиот напредок, како и инвестиции во технологијата и знаењето е тренд кој треба да се следи. Крајната цел е македонските компании да станат дел од интегрираниот глобален светски пазар, изјави Ангелоски.
Тој нагласи, дека е потребна поактивна соработка со високите и стручни образовни институции со цел теоријата и праксата да се преточат во знаење, што ќе продуцираат висока продуктивност, рентабилност и економичност во работењето на компаниите.
„За компаниите покрај искусен кадар потребен е и свеж кадар кој ќе придонесува за развој на новите технологии. Ваквата соработка значи чекор понатаму во создавањто генерации млади луѓе подготвени да се справат со предизвиците на современото бизнис опкружување. Заедничкото делување на образованието и бизнисот треба да имаат за цел надоградување на стекнатото знаење преку практични примери од секојдневното работење. Младите студенти кои понатаму ќе бидат дел од пазарот на труд, треба да имаат навремена подготовка за успешно интегрирање. На тој начин ќе можеме да градиме современи и економски силни компании “, рече Ангелоски.
На годишно ниво, според податоците на Државниот завод за статистика индустриското производство во периодот јануари – декември 2016 година, во однос на периодот јануари – декември 2015 година, е зголемено за 3,4%.
„Доколку сакаме да се приклучиме кон земјите со висок технички технолошки развој потребно е минималниот процент на раст да изнесува од 7 до 9 % на годишно ниво и таквиот тренд да се одржува во континуитет од 5 до 10 години“, додаде Ангелоски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.