Европа
Словачка ги критикува санкциите против Русија и се закани со вето
Словачкиот премиер Роберт Фицо ги критикуваше во неделата санкциите на Европската унија против Русија нарекувајќи ги „бесмислени и контрапродуктивни“ и се закани дека ќе вложи вето на дополнителните мерки, што укажува на внатрешните поделби во ЕУ во врска со ставот кон Москва во врска со украинската криза.
Словачкиот премиер Роберт Фицо ги критикуваше во неделата санкциите на Европската унија против Русија нарекувајќи ги „бесмислени и контрапродуктивни“ и се закани дека ќе вложи вето на дополнителните мерки, што укажува на внатрешните поделби во ЕУ во врска со ставот кон Москва во врска со украинската криза.
„Сметам дека санкциите се бесмислени и контрапродуктивни. Нема смисла да се наметнуваат нови санкции додека не го видиме ефектот од веќе наметнатите санкции“, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо во неделата утрото по самитот на ЕУ во Брисел.
Челниците на 28-те земји на Европската унија ја задолжија Европската комисија да подготви предлози за нови санкции против Русија поради нејзините наводни акции во Украина во рок од седум дена, но не наведоа кога тие би можеле да бидат спроведени.
Меѓутоа, Фицо, чијашто земја и претходно отворено се спротиставуваше на санкциите против Русија од која зависи поради снабдувањето со природен гас, изјави дека ќе се бори против санкциите кои би нанеле штети на економијата на Словачка.
„Го задржувам правото на вето на санкциите кои би нанеле штети на националните интереси на Словачка“, порача Фицо.
Словачкиот премиер Роберт Фицо кон средината на август изјави оти смета дека е во најмала рака „чудно однесувањето“ на Украина, којашто како одговор на желбите на Европската унија да и’ помогне, носи одлуки кои би можеле да и’ наштетат на Унијата.
Европските санкции против Русија во врска со украинската криза и руското ембарго на увоз на прехранбени продукти од ЕУ како одговор на Москва, според словачкиот премиер се „заемно бесмислени“, а според него и антируските санкции што ги донесе Украина претставува „бесмисленост од сите три страни“. Според Роберт Фицо, санкциите сите ќе ги ослабат и никому не помагаат, и затоа е неопходно да се бараат поинакви решенија за појавените проблеми. Тој тогаш реагираше со загриженост од украинскиот закон „кој претпоставува да ја запре испораката преку територијата на земјата на руските енергетски ресурси“.
На почетокот од јуни, пак, словачкиот премиер се изјасни и против распоредувањето на територијата на неговата земја единици на НАТО, реагирајќи на предлогот од американскиот претседател Барак Обама кј тогаш престојуваше во посета на полската престолнина Варшава за засиленото воено присуство на САД во источна Европа. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

