Црна хроника
Се одложи „Пуч“, Јанева побара во суд да се појави Груевски
Судењето за случајот „Пуч“, во којшто обвинет е и лидерот на опозицијата Зоран Заев, се одложи, на барање на Специјалното јавно обвинителство, кое го презеде овој случај.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, побарала од судот да и бидат доставени копии од доказите за овој предмет и бидејќи судот не го дозволил тоа, поднела жалба до Апелациониот суд кој треба да се изјасни за ова барање.СЈО ги бара доказите, како што рекоа, за да можат да го подготват воведниот збор за ова судење, иако увидот е завршен, а тим од специјалното обвинителство доаѓаше во судот за да изврши увид. Јанева изрази сомнеж дека судот не поседува сертификат за класифицирани информации којшто е потребен во овој случај, при што побара да и бидат презентирни сертификатите доколку судот ги пседува.Исто така, Јанева побара сведокот во овој случај, кој исто така е и оштетен, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да биде присутен на сите расправи и рочишта.„Судот треба да констатира дека нема уислови за одржување на судското рочиште“, рече Катица Јанева.На забелешките на СЈО, судиката Љубинка Башеска рече дека судот нема никаква обврска на странките да им предочуваат сертификати и рече дека судот не би се впуштил во работа на овој предмет доколку немаат овластувања.Според неа, кога ќе бидат презентирани доказите кои се сметаат за класифицирани, јавноста ќе биде исклучена, доказите ќе бидат декласифицирани, а увид во нив ќе имаат само ограничен број луѓе.Во врска со сведокот во овој случај, Башеска рече дека судечкиот совет е тој што го определува темпото на водење на расправата и рече дека ќе биде повикан кога ќе има услови за тоа.На судското рочиште беше присутен и лидерот на СДСМ Зоран Заев, како и првообвинетиот Зоран Верушевски и неговата сопруга. Верушевски бурно реагираше и не сакаше снимателите да ги снимаат нив во судницата.Заев по рочиштето даде изјава во која рече дека не постои суд во светот кој го одолговлекува случајот и не сака да утврди правда.„Под изгвор за класифицирани информации судот кој не поседува сертификат не го доставува предметот на СЈО, кое поседува сертификат за класифицирани информации. Ова е одолговлекување до бескрај за да може Заев, Верушевски и другите да ги сликаат пред судот борејќи се за правда во пресрет на предвремените парламентрни избори“, рече Заев. Тој рече дека Груевски избегнува да дојде во судот. „Сведокот е единствен во овој предмет, се вика Никола Груевски и тој избегнува да се појави овде пред судот“, рече Заев.Судењето е одложено за 3 мај./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден по судир со куче на патот Р’жаничино–Таор
Вчера околу 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Р’жаничино и Таор, скопско, се случила сообраќајна незгода во која мотоциклист удрил во куче скитник.
Според информациите, Р.И. (29) од село Орешани, скопско, управувајќи мотоцикл јамаха со скопски регистарски ознаки, удрил во кучето, по што паднал на коловозот.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Приведени четири лица поради за во Скопје
Во текот на ноќта меѓу 28 февруари и 1 март 2026 година, на повеќе различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода четири лица поради поседување марихуана.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, приведени се А.И. (24), Ф.М. (27) и И.Р. (35), сите од Скопје, како и М.М. (30) од Прилеп. При извршените контроли кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
Се судрија три возила на патот Кичево–Гостивар, има повредени
Вчера на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај „Осломешка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила со кичевски регистарски ознаки.
Во несреќата учествувале „ауди А3“, управувано од Ф.А. (24) од селото Зајас, „ауди Q5“, управувано од Г.С. (31) од селото Длапкин Дол и „сеат“, управувано од Н.Р. (56) од селото Бачишта.
Со телесни повреди се здобиле возачот на „ауди А3“, сопатничката С.А. (51) од Зајас, како и Г.С.
Увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи.

