Црна хроника
Арамии ограбиле аптека „Зегин“ и семејна куќа

Разбојник заканувајќи се со нож на вработената, ја ограбил аптеката „Зегин“ лоцирана на улица Московска во Скопје.
Како што соопшти полицијата, непознат сторител во саботата околу 20:30 часот извршил разбојништво на тој начин што откако влегол во аптеката држејќи нож во рака со кој и се заканил на вработената и побарал пари, по што таа ја отворила фиоката за пари од каде сторителот одзел 19.400 денари.
Во друг случај, ноќта во петок кон сабота, во Скопје на ул.„Рудо“, во семејна куќа, засега непознат сторител со насилно влегување од задната страна, извршил тешка кражба при што одзел 12.000 долари, 5.000 евра и разновиден златен накит.
СВР Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите на двете кражби. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 18-годишен скопјанец, при претрес во домот пронајдена дрога

Полицијата вчера вечер, на подрачјето на општина Аеродром, го уапси Х.В.(18) од Скопје.
Според информациите на МВР, при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприц исполнет со течност.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.