Контакт

Daily news

Министерот Јолевски на бројни билатерални средби при посетата на Хрватска

Објавено пред

Во рамки на посетата на Хрватска, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, оствари бројни билатерални средби со делегациите од земјите-партнери, предводени од министри за одбрана и високи претставници на Министерствата.

dobivaj vesti na viber

Министерот Јолевски се сретна со претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, при што хрватската претседателка изрази целосна поддршка на евроатлантските интегративни процеси на земјите од Југоисточна Европа. Двајцата соговорници се согласија дека овие процеси се од стратешки интерес за Европа. Во разговорот беа разменети мислења за безбедносната состојба во регионот, Европа и пошироко.

Министерот Јолевски оствари средба и со хрватскиот министер за одбрана, Дамир Крстичевиќ на која стана збор за развојот на меѓусебната соработка на полето на одбраната, со посебен осврт на военото образование и користењето на меѓусебните капацитети со регионален и НАТО предзнак.

Јолевски посочи дека Македонија развива неколку клучни капацитети на полето на обуката, меѓу кои и Центарот за обука на пилоти, како и армискиот полигон „Криволак“ кој веќе има регионална димензија. Воедно се заблагодари за можноста за школување на еден граѓанин на Република Македонија на програмата за Воено инженерство на Воената академија во Хрватска, за што Конкурсот за пријавување на кандидати е во тек.

Военото образование и начините за унапредување на соработката беа тема на разговор и на одвоените средби со министерката за одбрана на Босна и Херцеговина, Марина Пендеш, како и со заменикот потсекретар во турското министерство за одбрана, Коксал Лиман.

Министерот на средбите додаде дека Македонија останува на својата заложба за блиска и интензивна регионална соработка како начин за надминување на можните безбедносни ризици во регионот, а како пример за преземеното лидерство во оваа област ги спомена Постојаниот штаб на Балканските медицински наменски сили отворен во Скопје неодамна, чиј член е и БиХ, како и лоцирањето на главниот штаб на Бригадата на Југоисточна Европа во Македонија во периодот 2020 – 2026 година.

Министерот Јолевски оствари и засебни средби со претставници на стратегискиот партнер на Македонија, САД, односно со заменикот-потсекретар за воздухопловство и меѓународни работи, Хајди Грант која ја предводеше американската делегација.

Соговорниците изразија задоволство од одличните односи помеѓу Македонија и САД и поддршката која нашата земја ја добива од САД во процесите за континуиран развој на полето на одбраната. Договорено беше тие процеси уште повеќе да се интензивираат во сите аспекти на одбраната.

Средбите на министерот се заокружија со високиот претставник на шведското министерство за одбрана, посебниот советник Ларс Шмит, на која се разговараше за модалитетите за унапредување на соработката помеѓу двете Министерства, особено имајќи ги предвид одличните меѓудржавни односи.

Министерот Јолевски и делегацијата од Министерството и Армијата за време на Саемот за напредни технологии се запознаа со големиот број производители на воена опрема, новините во оваа област и идните правци на развој на воената индустрија. /крај/со/ст

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски очекува поддршка за Силјановска Давкова од Димитриевски и ЗНАМ, но и од другите кандидати кои не влегоа во втор круг

„Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во...

Македонија5 часа

(Графика) Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици, покажува најновиот извештај...

Свет7 часа

(Фото+видео) Серија торнада беснеат низ Америка: ветерот дигна вагони од пруга, уништени стотици домови

Стотици домови беа сериозно оштетени или целосно уништени бидејќи повеќе торнада погодија делови од Централна Америка. Надлежните најавија дека и...

Македонија7 часа

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени,...

Македонија8 часа

23 години од масакрот кај Вејце кога беа ѕверски убиени, а потоа запалени 8 македонски херои: Стојанче Ангелов положи цвеќе и запали свеќи

Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Масакрот...

Македонија8 часа

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Од утре до 6 мај, учениците од основните и средните училишта ќе бидат на пролетен распуст. Пролетниот распуст е воведен...

Свет9 часа

(Видео) Први снимки од силното торнадо во Кина – „Ова е како Армагедон“

Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу. Новинската агенција Ксинхуа јави дека во невремето се повредени...

Македонија10 часа

Мицкоски: СДСМ и ДУИ имаа две сценарија, прво, тивок бојкот за претседателските избори, второ, Ахмети добил бел лист од Ковачевски да напише што сака

Државата ни ја одземаа. Народот изгуби контрола над системот, институциите се киднапирани од стотина души на ДУИ кои управуваат со...

Македонија10 часа

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Македонија е на нозе. Народот си ја враќа државата повторно во свои раце. Победата на 24 април покажа дека сите...

Македонија10 часа

Ахмети од Долнени: Европскиот фронт е цврст како челик

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по Кичево со своите соработници се сретна и со граѓаните на Крушево и населените места...

Македонија10 часа

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

На митингот кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека...

Македонија23 часа

Пендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на 7 -годишнината од упадот во Собранието, кој се случи на 27 април 2017-тата година, истакна...

Македонија23 часа

Силјановска-Давкова: Не е точно дека стартуваме од нула, ние не шутираме пенали, а тие ги промашија на празен гол

Во рамките на својата кампања за претседателка за Република Македонија, професорката Гордана Силјановска – Давкова, оствари средба со граѓаните на...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи...

Македонија1 ден

(Фото+видео) „Македонијо, ти си бисер балкански“ ечеше на свечената промоција на 508 нови полициски службеници

Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година. Едногодишната...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Власта размислува за поткуп на гласачи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски, денеска рече дека власта размислува за поткуп на гласачи...

Македонија1 ден

Спасовски: Насилниците од 27 април никако не смее да се нарекуваат уставобранители, ниту пак да бидат помилувани

Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен, ова е најцрниот ден во историјата на македонската демократија, рече денеска...

Свет1 ден

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата. „Едниот кат...

Свет1 ден

Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер

Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што...

Свет1 ден

(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат

Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи. Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв...