Скопје
Забрана за пиење вода од четири јавни чешми на Водно и во Капиштец
Поради зголемен број на бактерии, Агенцијата за храна и ветеринарство, воведе забрана за пиење вода од четири јавни чешми во Општина Центар, поточно од три чешми на Средно Водно и една во населбата Капиштец.
Станува збор за водата од чешмата кај Жичарата, од преливната цевка и водата водата од дворот на шумска куќа на Средно Водно, а забрането е пиење на водата и од чешмата под црквата „Св. Јован“ во Капиштец.
„Во водата по лабораториската анализа на хемиска и бактериолошка исправност констатирано е дека не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број на колиформи бактерии и поради наод на „ешерихија коли“ (Escherihia Coli)“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.
Примероците од водата од чешмите за анализа биле земени на 20-ти август, а АХВ препорача перманентна дезинфекција на водата.
Од Општина Центар напоменуваат дека овие води не се од водоснабдителниот систем на ЈП „Водовод“.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

