Црна хроника
Поранешен раководител на струшка ’Проаква’ го оштетил претпријатието за околу 14.000 евра
Поранешен раководител на „Проаква“ го оштетил ова струшко јавно претпријатие за околу 14 илјади евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Поранешниот раководител на јавното претпријатие „Проаква“, А.В. (48) од село Радолишта, струшко, заработи кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.
Пријавениот, искористувајќи ја својата службена положба, на штета на јавното претпријатие прибавил материјална имотна корист од 328.512 денари. Противправната постапка пријавениот ја направил во текот на 2012 и 2013 година, кога од фирма од Скопје подигнал ХТЗ опрема која воопшто не била донесена и прикажана во магацините на претпријатието.
Исто така, пријавениот дополнително го оштетил струшкото јавно претпријатие со кое раководел за 523.500 денари. Тој во текот на 2012 и 2013 со казнено-поправниот дом затвор Струга склучил договор за привремено ангажирање на осум затвореници во „Проаква“ како работници за одржување паркови и зеленило. Од увидот во книговодствените евиденции на двата субјекта, констатирано е дека за секој ангажиран затвореник, КПД наплатил дневница од 500 денари, а ангажираните затвореници најчесто не се појавувале на работното место и не ги извршувале работните задачи./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

