Daily news
Поднесен обвинителен предлог против девет лица учесници во нередите во Собрание
Обвинителен предлог против девет лица учесници во нередите во Собранието на Република Македонија поднесе во понеделник Основното јавно обвинителство – Скопје.
Осомничените се товарат дека сториле кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие од член 384 став 1 од Кривичниот законик.
За две од лицата за кои е поднесен Обвинителниот предлог, надлежен обвинител поднесе и Предлог за продолжување на мерката притвор.
За едно лице кое досега беше во притвор јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека има простор за ублажување на предложената мерка, па поднесе предлог за определување на мерка куќен притвор.
За едно лице на кое му беше определена мерка на обезбедување куќен притвор, според обвинителството, законските основи за нејзиното продолжување постојат, па оттука до надлежниот суд достави и предлог за продолжување на мерката куќен притвор.
За едно лице согласно на оценката на Основното јавно обвинителство Скопје, не е побарано продолжување на мерката притвор. За истото во сила остануваат веќе определените мерки на претпазливост.
За четири лица кои досега се наоѓаа во притвор, според надлежниот обвинител, прибрани се релевантни докази и не постои опасност осомничените да попречат во постапката. Но, обвинителството ценеше дека сѝ уште има потреба од обезбедување на присуството на осомничените. Затоа, до судот е доставен предлог за определување мерки на претпазливост за четворицата осомничени.
„Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека за три лица за кои МВР поднесе кривична пријава донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава. Имено, за две од нив била извршена погрешна идентификација, а за едно од лицата воопшто не е утврдено дека презело дејствија кои имаат елементи на сторено кривично дело кое се гони по службена должност“, се вели во соопштението.
Од Основното јавно обвинителство – Скопје појаснуваат дека согласно законот, правната квалификација за сторено кривично дело ја дава јавниот обвинител кој при тоа се раководи од доказите што се прибрани до тој момент.
„Тоа значи дека доколку дополнително се пронајдат нови докази кои укажуваат дека определено лице извршило друго кривично дело, јавниот обвинител во текот на целата постапка може да изврши преквалификација или лицето да го гони и за други кривични дела“, се вели во соопштението. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.