Европа
Чешка приложи приговори на санкциите против Русија

Чешка вложува приговори на заострените санкции на Европската унија против Русија, за нејзината наводна улога и директна воена во кризата во Украина, објави во средата навечер премиерот Бохуслав Соботка.
„Сакаме да постигнеме промена на условите во коишто се применуваат санкциите за тие што помалку да го попречуваат извозот на чешката механичка опрема во Русија“, изјави чешкиот премиер Бохумил Соботка на седница на неговата влада.Во врска со предлозите на некои земји членки на Европската унија на самитот минатата сабота во Брисел за воведување нов сет санкции против Русија за нејзиното наводно вмешување во настаните во Украина, Соботка ден потоа рече дека априоири не може да се согласи со нивното воведување, без тие да бидат проучени, како и нивните последици, кога сѐ уште не се познати ефектите од санкциите кои претходно беа наметнати.„Нашите преговарачи во Брисел добија такви упатства за преговорите за финализација на санкциите, коишто ќе се одржат во четвртокот и петокот во Брисел“, изјави чешкиот премиер на прес-конференција во Прага.Соботка прецизираше дека преговорите што ги води Прага се однесуваат на производи за цивилна и за потенцијално воена употреба.Чешкиот министер за индустрија и трговија Јан Младек изјави во средата дека чешкиот извоз на производи со двојна намена во Русија достигнал 1,7 милијарди чешки круни, односно 61 милиони евра, од почетокот на 2014 година.Според премиерот Соботка, Чешка нема намера да се оддалечи од главната насока на политиката на ЕУ. „Преговорите за конечната форма на санкциите ќе се водат со почитување на единствениот пристап на Европската унија“, нагласи.Европската комисија во средата им ги претстави на земјите членки на Европската унија предлозите за заострените санкции против Русија. Портпаролката на ЕК, Пиа Аренкилде-Хансен изјави дека станува збор за санкции насочени на сектори на кои се однесуваше првата низа мерки кои Брисел ги презема против Москва кон крајот на јули.ЕУ донесе одлука на Русија да ѝ го ограничи пристапот на пазарите на европскиот капитал, го одреди ембаргото за продажба на оружје, производи за цивилна и воена намена, ја ограничи продажбата на чувствителни технологии и опремата за нафтениот сектор./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин