Daily news
Вината на „Тиквеш“ со 25 медали на три престижни светски вински натпревари
Врвните автентични вина на Винарската визба „Тиквеш“ освоија вкупно 25 медали и признанија на трите престижни светски вински натпревари што се одржуваат оваа пролет во Лондон и Брисел, со што „Тиквеш“ го потврди статусот – најнаградувана винарница од Југо-источна Европа.
На овие натпревари, „Тиквеш“ освои еден златен, 9 сребрени и 12 бронзени медали, а три вина добија специјални признанија за својот квалитет.
„Вранец Спешал Селекшн“ од бербата 2015-та освои златен медал на угледниот интернационален вински натпревар – International Wine Challenge (IWC), кој годинава по 34-ти пат се одржува во Лондон, В. Британија. Истовремено, ова врвно вино од жирито на натпреварот доби и посебен епитет – „Трофеј меѓу македонските црвени вина“, со што „Вранец Спешал Селекшн“ се најде во исклучително малата група од само 1% од сите пријавени вина на натпреварот коишто го добиваат овоа одличје со кое се потврдува дека ги исполнуваат највисоките интернационални стандарди за квалитет.
На овој натпревар, со сребрен медал се наградени „Барово (црвено) 2015“ и „Гренаш Бланк Спешал Селекшн 2016“, а бронзени медали освоија уште пет други врвни вина на „Тиквеш“.
Дополнително, на еден од најмасовните светски вински натпревари – Decanter 2017, кој исто така се одржува во Лондон, а на кој за престиж во винскиот свет се бореа дури 17.200 вина од најпознатите вински региони во светот, три вина на „Тиквеш“ се наградени со сребрени медали. Тоа се вината: „Бела Вода“ (бело) 2016, „Каберне Франк Спешал Селекшн“ 2016 и „Шардоне Спешал Селекшн Оук Едишн“ 2016. На овој натревар дури седум вина на „Тиквеш“ освоја бронзени медали.
Вреден успех е остварен и на престижниот собир на глобалната винска елита што се одржува секоја година во Брисел, Белгија – Concurs Monddial de Bruxelles 2017. Таму, со сребрен медал се наградени четири вина на „Тиквеш“ и тоа: „Александрија класик (розе)“ и „Темјаника Спешал Селекшн“ од бербата 2016-та, како и црвените вина „Вранец Спешал Селекшн“ и „Барово“ од бербата 2015-та.
Стручното жири на меѓународониот вински натпревар „Concurs Monddial de Bruxelles 2017“ му додели златен медал на македонското суперлуксузно вино „Домен Лепово Гранд Куве“, од бербата 2013-та, со што го потврди неговото високо реноме. Истовремено, на годинешното издание на „Decanter“ во Лондон, белото вино од сортата шардоне, кое е дел од суперлуксузниот бренд „Домен Лепово“ од бербата во 2016-та, е наградено со сребрен медал. Ова вино доби и бронзен медал на вториот светски вински натпревар што се одржува во Лондон – International Wine Challenge (IWC).
Со ваквите високи признанија, вината од брендот „Домен Лепово“ дефинитиво се пробиваат меѓу вината што ја сочинуват светската винска елита и за кои по правило се „резервирани“ највисоките трофеи на престижните светски вински натпревари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.