Црна хроника
Демолирано кафуле во Старата скопска чаршија оти свирела македонска музика
Група насилници ноќеска го демолирале кафе барот „Њу Орлеанс“ затоа што во него се пуштала македонска музика.
Како што соопшти полицијата, нешто по полноќ во кафулето дошло едно непознато лице кое започнало вербална расправија барајќи да не се пушта македонската музика. Откако лицето заминало од барот набрзо потоа се вратило со неколку млади лица на возраст од 20 до 25 години кои исто така започнале вербална расправија, по што искршиле две стакла и компјутер кој бил сопственост на ДиЏејот. Кога вработената сакала да се јави во полиција лицата и го одзеле телефонот и го скршиле удирајќи го од земјата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот како и за пронаоѓање на сторителите. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

