Daily news
Кој е Садула Дураку, идниот министер за животна средина?
Машински инженер, дипломирал во Приштинa. Од 1997 до 2000 година е наставник во Техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово. Бил и директор на Агенцијата за развој и инвестиции во 2008 година. Градоначалник е на Општина Липково во два мандати, од 2009 до 2017 година.
Од 2000 до 2002 година работи како виш царински соработник и заменик-директор во Царинската управа. За време на воениот конфликт во 2001 Дураку се повлекува од Царинската управа и заедно со Хисни Шаќири заминува во шумите кај Липковското Езеро и станува командат.
Медиумите тогаш пишуваа дека Дураку, со уште двајца припадници на тогашната ОНА, во 2001 го завртел вентилот за довод на вода кој се наоѓа на Липковското Езеро. Тогаш Куманово беше речиси два месеца без вода. Случајот е познат како „Липковска брана“. Токму затоа кумановци Дураку на шега го нарекуваат „командант Вентили“
Во септември 2002 година главната обвинителка на Хаг, Карла дел Понте, ги презеде петте случаи за воени злосторства и геноцид. Меѓу нив беше и „Липковска брана“. ДУИ тврдеше дека македонските судови не се надлежни за овој случај, за што ги известиле меѓународните претставници, судските органи и тогашниот јавен обвинител Ставре Џиков. Владата предводена од Груевски донесе Закон за амнестија на хашките случаи.
Во Кабинетот на Владо Бучковски е министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Не се појави за да одбрани ниту еден закон во Собранието. Во негово име на пратенички прашања одговараше заменикот Санде Џамбазовски.
Државната ревизија откри и констатира штети за буџетот во милионски суми денари направени со трошење јавни пари надвор од процедури од страна на Министерството за земјоделство, во време кога со него раководеше Садула Дураку.
Весникот ВЕСТ пишуваше дека Дураку како министер платил 8000 евра за авионски билет за учество на Меѓународен форум во Мексико.
Во 2007 полицијата го приведе Дураку, а Судот му одреди мерка притвор. Дураку се товареше за велепредавство и загрозување на територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за воени злосторства против цивилно население.
Одбраната на обвинитетите за тероризам во случајот Диво Насеље за сведоци повикаа голем број политичари, меѓу кои и Садула Дураку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.