Контакт

Региони

Пивара Скопје донираше опрема во музичкото училиште во Струмица

Објавено пред

Пивара Скопје динираше средства за набавка на инструменти за основното музичко училиште „Боро Џони“ во Струмица, кое уште од 1951-ва година е „расадник“ на таленти и музички виртуози познати во земјата и пошироко.

dobivaj vesti na viber

 

 

Донацијата од Пивара Скопје и скопско беше доделена на првата музичка фестивалска вечер во рамки на третото издание на културно-забавната манифестација „Струмица опен фестивал“.

 

„Како и музиката и Скопско несомнено припаѓа во групата уникатни обележја и вредности кои претставуваат своевиден заштитен знак за Македонија и нејзините граѓани. Затоа сосема логична е нашата одлука да го поддржиме создавањето на идните музички виртуози, донирајќи средства за нови инструменти во едно од најпознатите музички училишта во земјата. Искрено се надевам дека оваа донација ќе им овозможи на младите кои го посетуваат музичкото училиште во Струмица, да го разбудат и усовршат својот талент, па дури и да ги достигнат ѕвездените височини во уметноста“, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска- Наческа, специјалист за односи со јавност во Пивара Скопје при примопредавањето на донацијата, кое се одвиваше на главната фестивалска сцена.

 

Новите инструменти кои ќе бидат набавени благодарение на Скопско и Пивара Скопје ќе придонесат кон создавањето на некои нови музички мајстори од највисок калибар.

 

„Нашето училиште преку шест децении работи на развој на љубовта кон музиката кај децата и негување на нивниот музички талент. Од него произлегле големи музичари, гордост на училиштето, на нашиот град и на цела Македонија. Затоа, оваа донација има значење не само за учениците, туку и пошироко, за целокупната заедница “, изјави директорката на ОМУ „Боро Џони“, Клара Патарова, заблагодарувајќи им се на скопско и Пивара Скопје за прекрасниот гест, кој според неа ќе придонесе за понатамошните успеси на училиштето и неговите ученици.

 

Донацијата за музичкото училиште идеално се вкпопи во карактерот на фестивалот во Струмица, во чии рамки, како еден од 28-те културно-уметнички настани, се одржа и летната школа за гитара која ја организираат токму професори од улилиштето „Боро Џони“.

 

Струмичкиот отворен фестивал е по многу нешта уникатна манифестација. Програмата во 11-те фестивалски денови изобилува со културно-уметнички настани, почнувајќи од ликовна колонија, вечери на поезијата, афоризмите, на филмот и театарот, промоции на книги, изложби, ревија на народни носии, трка на келнери… Во програмата на трите последни фестивалски вечери доминираат музичките содржини, прилагодени кон сите вкусови, кои во комбинација со одлично пиво и вкусна храна придонесуваат за одличната забава. /крај/

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

„Зелен хуман град“: Решение за депониите не е јавно-приватно партнерство, туку нула отпад

Активистите на „Зелен хуман град“ реагираа на изјавата на премиерот за депониите, оценувајќи дека најавите за ново јавно-приватно партнерство за...

Свет1 час

Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници...

Македонија2 часа

Локални избори: На полноќ завршува јавниот увид во избирачкиот список

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список, којшто граѓаните од 23 август можат да го проверат и да поднесат барања...

Свет2 часа

(Видео) Расправија за време на минутата молк за Кирк во Претставничкиот дом

За време на минутата молк за Чарли Кирк во американскиот Претставнички дом избувна жестока расправија. „Ве молам, станете за момент...

Свет4 часа

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

Чaрли Кирк (31), влијателен десничарски активист, близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на организацијата Turning Point USA...

Македонија4 часа

Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана...

Македонија13 часа

Ветрот го сменил правецот од Дрисла, Скопје вечерва мириса на изгорено

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од главниот...

Македонија16 часа

Фетаи ќе раководи и со новоформираниот совет за конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се...

Македонија18 часа

Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна...

Македонија20 часа

(Видео) Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ: Петровска побара декласификација од АНБ

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме...

Македонија21 час

Со 2,5 милиона денари интервентно ќе се заштитува „Македониумот“, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

Споменикот „Македониум“ над Крушево до крајот на оваа година ќе биде итно заштитен од пропаѓање, а за в година Владата...

Македонија22 часа

Али и Мали, Мицкоски подолг период го моли „превоспитаниот” Ахмети да влезе во Владата, вели Жерновски

ВМРО- ДПМНЕ дојде на власт врз основа на две ветувања. Прво, дека ќе го поништи “штетниот” Преспански договор, со што...

Свет23 часа

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на Европската Унија пред...

Македонија23 часа

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни...

Македонија1 ден

Дали Македонија станува третата српска република, прашуваат од ДУИ

Демократската унија за интеграција е загрижена и алармира до јавноста дека Северна Македонија се соочува со отворена офанзива на злогласниот...

Европа1 ден

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет1 ден

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа1 ден

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...

Свет1 ден

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментот нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа1 ден

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...