Црна хроника
Брат силувал сестра во тетовско село
Брат на возраст од 13 години ја силувал сопствената сестра која е на возраст од 15 години во едно тетовско село. Според пријавата во полицијата, поради специфичноста на настанот и фактот дека се работи за малолетни деца кои се во крвно сродство, не се открива името на тетовското село.Случајот во полициската станица го пријавил таткото на малолетните деца, одкако дознал за хоророт кој се случувал во неговиот дом. Всушност ќерката му открила што и правел сопствениот брат и раскажала дека во три наврати тој ја силувал. Според пријавата на таткото, тринаесетгодишникот насилно ја соблекувал неговата сестра, ја допирал по телото и ја терал на сексуален однос. Ова се повторувало три пати, на 13, на 14 и на 15 јуни се додека девојчето не собрало храброст да му раскаже на нејзиниот татко. На девојчето ќе му биде извршен генеколошки преглед. Од МВР велат дека случајот се истражува и се преземаат сите понатамошни мерки за негово расчистување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

