Регион
Контроверзниот српски тајкун Милан Беко ранет пред својот дом
Контроверзниот српски тајкун Милан Беко е ранет со два куршума во петок вечер околу 17:50 часот во близина на својот дом во белградскиот кварт Сењак, јави српски „Блиц“.
Според истиот извор, Беко со прострелни рани во пределот на абдоменот веднаш бил пренесен во белградскиот Ургентен центар, каде што лекарите го оперирале, но не даваат никакви прогнози во врска со неговата здравствена состојба.
Првичните полициски информации говорат дека Беко бил сочекан во заседа пред неговиот дом, кога напаѓачот излегол од блиската грмушка, се доближил до автомобилот во кој бил Беко, и пукал двапати додека бизнисменот излегувал од возилото.
Според неофицијални информации, понатамошен напад спречил возачот на Беко, кој го ставил возилото во рикверц и го поставил во позиција меѓу ранетиот и напаѓачот.
Како што дознава „Блиц“, со напаѓачот било уште едно лице, кое најверојатно чувало стража.
Полицијата трага по сторителите.
Беко во време на владеењето на Слободан Милошевиќ беше министер за приватизација во владата на Мирко Марјановиќ. Остана запаметен како автор на Законот за приватизација, кој беше на сила до 2001 година
Се смета за еден од најмоќните луѓе во Србија. Одигра важна улога во приватизацијата на неколку големи српски фирми, како Телеком Србија, Књаз Милош, Пристаништето Белгард, Вечерње Новости…
Во јануари 2013 година полицијата шест часа го сослушуваше во врска со приватизацијата на Пристаништето Белград.
Во последно време Беко се споменуваше како кандидат за можен директор на Железницата на Србија. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал
Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата.
Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот.
Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист.
Истрагата е во тек.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.