Daily news
Драган Николиќ назначен за државен секретар во Министерството за одбрана
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, го назначи Драган Николиќ за државен секретар во министерството.
Драган Николиќ работи во Министерството за одбрана 19 години. Првото работно искуство во Министерството за одбрана го стекнува во 1998 година како систем инженер за бази на податоци, оперативни системи и мрежи во Одделението за системско инженерство во тогашниот Сектор за информатика, а потоа продолжува како В.Д. раководител на одделение за системско инженерство во истиот сектор.
Неговата кариера продолжува како помошник раководител на сектор во Секторот за К-4 (команда, контрола, комуникации и компјутери), а по таа должност, неговото работно искуство го надоградува на местото раководител на Сектор за К-4 во Министерството за одбрана.
Оваа работна позиција ја добива како најмлад раководител на сектор во институцијата со свои 32 години возраст и на тоа работно место се задржува најдолго во својата кариера – шест години. Следното работно место во кариерата е државен советник за К-4 во Министерство за одбрана, а по три години на оваа позиција, поставен е на работно место раководител на одделение во Секторот за К-4. Тој е единствениот државен, односно административен службеник во Министерството за одбрана, што во својата досегашна кариера ги има поминато сите нивоа во административната служба, почнувајќи од почетно, стручно ниво, па сè до позицијата државен советник.
Во мај 2003 година учествувал во изработка на Концепцијата за национална безбедност и одбрана на РМ, во 2006 година е раководител на групата за донесување Стратегија за развој на глобалниот комуникациско-информациски систем на МО и АРМ, учествувал во изработка на Стратешкиот одбранбен преглед – СОП (2004-2006 година), бил член во Националниот TASK FORCE на РМ за изработка на Стратегијата за развој на информатичкото општество на РМ и акционен план (2004 и 2005 година) како и член во работна група на РМ за донесување Национална стратегија за развој на електронските комуникации и информатички технологии во РМ.
Професионалното членство во некои организации и асоцијации е исто така дел од неговото работно искуство. Член е на Меѓународна асоцијација за електроника и комуникации во воените сили, AFCEA – (The Armed Forces Communications and Electronics Association), како и на Совет на IT експерти – Македонска асоцијација за информатичка технологија – МАСИТ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.