Регион
ОН ја повикаа Турција да гo истражи пукањето врз цивили

Високиот претставник на Обединетите нации за човекови права ја повика Турција да го истражи пукањето на припадниците на нејзините безбедносни сили врз невооружени цивили во градот Чизре.
Претставникот на светската организација Зеид Раад ал-Хусеин го опиша инцидентот во кој се ранете десетина цивили како „крајно шокантни“.Градот Чизре се наоѓа во центарот на офанзивата на турската армија против герилците од забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK).Ал-Хусеон исто така, изрази голема загриженост поради извештаите дека е уапсено лицето коешто го снимило тој инцидент, пренесе BBC.„Да се сними злосторство не е кривично дело, но да се пука врз невооружени цивили секако е… Важно е да биде спроведена темелна, независна и непристрасна истрага за овој и секој друг настан кој довел до ранување или убивање цивили“, истакна високиот претставник на ОН за човекови права.Инцидентот во Чизре, кој е населен доминантно со курдско население, се случил на 29-ти јануари. Во извештаите се наведува дека луѓето врз кои е отворен оган се обидувале да се спасат лица повредени во претходните судири.Новата фаза од турско-курдскиот судир вклучува и судири во градовите во југоистокот на Турција, каде што главно живеат Курдите. Претходно владата во Анкара беше критикувана од меѓународната заедница за употребата на оклопните сили и тенкови, како и борбени летала во борбите со герилците во урбаните средини./крај/мф/сн
Извор: BBC News
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.
Регион
Шестмина припадници на полицијата се повредени за време на синоќешните протести во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата.
„Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо дека имало брутален напад врз полицијата, дека демонстрантите дошле со намера да ги нападнат полицајците, да ги повредат“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека вечерта немало поддржувачи на Српската напредна партија, што, како што рече, не ги спречило демонстрантите да ги нападнат просториите на таа партија низ цела Србија, и додаде дека на некои места биле нападнати и просториите на Социјалистичката партија на Србија.
Регион
Пронајдени се лицата кои исчезнаа во Грција

Никола Стефановиќ (31) и Марта Илиќ (19), кои исчезнаа во Грција, се пронајдени, како што потврди за Блиц нивниот пријател Милан Атанасковиќ, со кого го напуштиле Лесковац.
Двајцата биле пронајдени во Сер.
– Тие свртеле погрешно, се наоѓаат на 125 километри од местото каде што се упатија. Ја поминале ноќта во парк, дури денес нашле ви-фи и ме контактираа – изјави тој за „Блиц“.
Претходно српските медиуми објавија за нивното исчезнување.
„Тие отидоа со нас во Грција, требаше да прстојуваме стан до стан на истото место. Никола е пријател на татко ми, го замолил да оди пред него, да го следи, не го знаел патот. Сè беше во ред низ Србија и Северна Македонија, влеговме во Грција“, вели Јелена Стојиљковиќ за „Блиц“.
Откако направиле пауза на бензинска пумпа во Грција, го продолжиле своето патување.
Кога стигнале до втората рампа на автопатот кон Олимпик бич, Никола и Марта исчезнале.