Контакт

Daily news

На првиот упис запишани 11.205 ученици во средно образование

Објавено пред

Во првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование за 2017/2018, кое беше спроведено во изминатите два дена (28-ми и 29 јуни), се пријавиле 17.179, а се запишале 11.205 ученици, соопшти Министерството за образование и наука. Од учениците кои се запишале, 8.590 се за настава на македонски наставен јазик; 2.440 ученици за настава на албански наставен јазик; 99 ученици за настава на турски наставен јазик и 76 се повторувачи.

dobivaj vesti na viber

Според видот на образование, запишани се 4.878 ученици во гимназиско образование , 6.151 во стручно образование  и 176 ученици во спортска гимназија.

МОН ги објави јавните средни училишта во Република Македонија во кои според добиените извештаи уписот е завршен во првото пријавување во јунскиот уписен рок.

Уписот е завршен за гимназиско образование во:

СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Град Скопје,
СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Град Скопје,
СУГС „Георги Димитров“ – Град Скопје;
СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ – Град Скопје;
СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола.

Уписот е завршен за здравствена струка во:

– СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје, за образовниот профил медицинска сестра, забен техничар, фармацевтски лабораториски техничар во паралелките на македонски наставен јазик и на албански наставен јазик, како и за образовниот профил физиотерапевтски техничар и медицинско лабораториски техничар во паралелките на македонски наставен јазик;

– СОУ„Наце Буѓони“ – Куманово за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик;
– СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп за образовниот профил: медицинска сестра и фармацевтски лабораториски техничар во паралелките на македонски наставен јазик;
– СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик;
– СОУ „Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик;
– СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица, за образовниот профил медицинска сестра, фармацевтски лабораториски техничар и физиотерапевтски техничар во паралелките на македонски наставен јазик.

Уписот е завршен за економско-правна и трговска струка во:
– СОУ „Јане Сандански“ – Битола, за образовниот профил економски техничар во паралелките на македонски наставен јазик;
– СОУ „Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил економски техничар во паралелките на македонски наставен јазик;
– СОУ „8ми Септември“ – Тетово за образовниот профил правен техничар во паралелките на македонски наставен јазик.

Уписот е завршен за електротехничка струка во:
– СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани, за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;
– СОУ „Никола Карев“ – Струмица за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик.

Уписот е завршен за машинска струка во:
– СОУ „Никола Карев“ – Струмица за образовниот профил автотехничар – мехатроничар и техничар за компјутерско управување во паралелките на македонски наставен јазик.

Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 5 јули, а резултатите ќе бидат објавени следниот ден, 6 јули. МОН информира дека за второто пријавување слободни места има во јавните средни училишта во сите општини во Република Македонија за вкупно 24529 ученици.

Слободни места за настава на македонски наставен јазик има 16.118, за настава на албански наставен јазик 7.455, за настава на турски наставен јазик има 819, за српски наставен јазик слободни се 34 места и 103 слободни места за повторувачи.

Според видот на образование, во второто пријавување во јунскиот уписен рок слободни места во гимназиите има 6.171 ( 3.504 за ученици на македонски наставен јазик; 2.215 за ученици на албански наставен јазик; 344 за ученици на турски наставен јазик; 34 за ученици на српски наставен јазик и 74 за повторувачи), во стручно образование има 18 252 слободни места (12.554 за ученици на македонски наставен јазик; 5.204 за ученици на албански наставен јазик; 475 за ученици на турски наставен јазик и 19 за повторувачи). Во спортската гимназија слободни се 106 места од кои 60 се за ученици на македонски наставен јазик, 36 за ученици на албански наставен јазик и 10 за повторувачи.

Во вкупниот број запишани ученици и слободни места за второто пријавување во јунскиот уписен рок не е пресметан бројот на учениците од средните училишта за уметничко образование, бидејќи учениците во тие училишта полагаат дополнителни испити.

Во Државното средно училиште Спортска академија во прва година се запишаа вкупно 204 ученици, од кои 116 за фудбал, 58 за ракомет, 25 за кошарка и 5 за тенис.

Министерството за образование и наука соопшти дека поради големиот интерес на учениците за упис во СУГС Гимназија „Орце Николов“- Скопје одлучило во ова училиште да не се спроведе квалификациско тестирање, односно да бидат примени сите ученици кои во текот на основното образование постигнале континуиран одличен успех во сите одделенија и по сите наставни предмети.

Во учебната 2016/2017 година деветто одделение завршиле 20712 ученици. Согласно измените на Законот за средно образование, средното образование од учебната 2008/2009 година е задолжително за сите ученици.

– За таа цел се обезбедени доволен број слободни места, вкупно 35.909 ученички места – и тоа 25.127 на македонски наставен јазик, 9.830 на албански наставен јазик, 918 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик (во кои се вклучени и паралелките во реформирано двегодишно и тригодишно стручно образование) во сите јавни средни училишта во Република Македонија, информира МОН.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ49 минути

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија4 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија4 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ4 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија4 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија4 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет6 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа6 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет8 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет8 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет8 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет8 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа9 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија18 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет19 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет22 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет22 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...