Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Костовски: Македонија не може да си дозволи уште еден бонбона-бизнис

Објавено пред

Што е поентата на набркан кадар од Србија Заев да му дава државјанство и да го именува за директор на најбогатата државна фирма ЕЛЕМ, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Дали е поентата овој човек да работи на тендерски постапки со кои ќе се испумпуваат пари? Дали поентата со именувањето на овој човек е да се поскапи струјата? Дали поентата е да се доведе ЕЛЕМ до тоа дереџе, па наместо сопствено производство Македонија уште повеќе да увезува струја?“, праша Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, овој човек има задача да го подготви ЕЛЕМ за продажба.

„Ако во сопствената земја, Србија, има лоша репутација, тогаш само може да замислиме какви последици ќе има неговото именување за директор во една вака сериозна институција тука, во Македонија. СДС и Владата треба да престанат да молчат и отворено да кажат зошто се решиле на ваков катастрофален кадровски избор. Да кажат која ќе биде придобивката еден балкански мешетар да биде именуван за директор на ЕЛЕМ“, рече Костовски.

Тој додаде дека „Македонија не може да си дозволи уште еден бомбона бизнис од кој сите ќе имаат штета, освен можеби врхушката на СДС“. /макфакс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

(Видео) За прв пат по 81 ден: 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа

Вкупно 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа, за прв пат по 81 ден целосна блокада наметната од...

Европа16 минути

(Видео) Рускиот министер за надворешни работи: Нема да се согласиме на безусловно примирје со Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Русија нема да се согласи на безусловно примирје со Украина...

Свет26 минути

(Видео) Севернокорејците неуспешно лансираа разорувач, Ким Џонг Ун ја осуди несреќата: „Небрежност што го наруши достоинството на земјата“

За време на спуштањето во вода на нов севернокорејски воен брод, на кој присуствуваше и лидерот Ким Џонг Ун, се...

Свет2 часа

(Видео) Двајца израелски дипломати убиени во Вашингтон

Двајца вработени во израелската амбасада се убиени во пукотница за време на настан во Музејот на еврејско наследство во Вашингтон....

Свет2 часа

(Видео) Трамп го нападна новинарот кој праша за луксузниот авион: Ти си срамота!

Американскиот претседател Доналд Трамп бурно реагираше на прашањата од новинарот на „Ен-би-си Њуз“, Питер Александар, за луксузниот авион што катарската...

Македонија12 часа

Tрајко Славески е предлогот на Сиљановска-Давкова за гувернер на Народна банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за гувернер на Народната банка. Од нејзиниот кабинет велат дека при носењето на...

Македонија15 часа

Со шесте милијарди евра за Македонија ќе се градат брза пруга, болници, студентски дом – Николоски од Лондон со детали за договорот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој ја предводи официјалната делегација на Македонија во Обединетото Кралство, оствари средба со...

Топ18 часа

Уапсени четири лица во Скопје, ликвидирале луѓе по нарачка

Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“ во...

Македонија19 часа

Нов министер за здравство ќе има следната недела, таа позиција останува во „Вреди“, вели Мицкоски

Владините коалиционери се договориле до крајот на оваа недела да се дефинираат кадровските решенија по излегувањето на Арбен Таравари од...

Македонија19 часа

(Видео) Данела Арсовска во живо се вклучи од објект во Чаир: „Дивоградба на државно земјиште“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, се вклучи во живо од инспекција на нелегален објект во општина Чаир.   Таа...

Македонија20 часа

Ристоска: Поради мојата кандидатура за судија во ЕСЧП, цел сум на клевети и напади

Во изминатиот период, поради мојата апликација за кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права, цел сум на неосновани...

Свет20 часа

Брисел предлага нова такса од две евра за пакет за купувања од платформи како „Тему“

Европската комисија размислува за воведување такса од 2 евра за пакет за пратки надвор од ЕУ купени преку онлајн-платформи, како...

Македонија20 часа

Со новиот закон ќе може да се вработуваат студенти, пензионери, корисници на социјална помош…

Со новиот закон за привремено и сезонско ангажирање лица, кој вчера беше изгласан во Собранието, работодавците ќе може да ги...

Македонија22 часа

Царината заплени тутунски производи, автоделови, ветеринарни лекови, девизи, облека

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари,...

Македонија22 часа

Муцунски: Усвоени измените на Законот за надворешните работи – суштински чекор за професионализација на дипломатијата и подобрување на условите за македонските дипломати во странство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи информираше дека вчера Собранието, на предлог на Министерството...

Македонија22 часа

Голема полициска акција во Скопје, се вршат претреси на пет локации

Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат...

Свет23 часа

(Видео) Драматични сцени од Австралија: хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на покривите

Австралиската телевизија „Еј-би-си“ објави „поплави од невидени размери“, опишувајќи драматични сцени додека хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на...

Свет1 ден

(Видео) Рубио: Граѓанска војна од епски размери може да почне во Сирија за неколку недели

Американскиот државен секретар Марко Рубио повика на поддршка за преодните власти во Сирија и предупреди дека земјата може да биде...

Свет1 ден

Си-ен-ен: Израел подготвува голем напад врз иранските нуклеарни постројки

Соединетите Американски Држави добија нови разузнавачки информации кои сугерираат дека Израел се подготвува за напад врз нуклеарните постројки на Иран,...

Европа1 ден

Мелони: Папата ми рече дека е подготвен да биде домаќин на мировни преговори за Украина

Италијанската премиерка Џорџa Мелони изјави дека папата Лав во телефонски разговор со неа ја потврдил својата подготвеност да биде домаќин...