Црна хроника
Експлозија близу шахта со гас ги вознемири кумановци
Експлозија на пиротехничко средство фрлено во близина на шахта ги вознемири рано утрото во неделата жителите на Куманово, а од Јавното обвинителство констатираат дека станува збор за кривично дело „предизвикување општа опасност“, соопштија од кумановската полиција.
Експлозија на пиротехничко средство фрлено во близина на шахта ги вознемири рано утрото во неделата жителите на Куманово, а од Јавното обвинителство констатираат дека станува збор за кривично дело „предизвикување општа опасност“, соопштија од кумановската полиција.
Детонацијата се случила околу 4 часот во неделата утрото, а според сознанијата на СВР Куманово станува збор за експлозија од пиротехничко средство, коешто засега непознато лице го фрлил во близина на шахта на булеварот „Октомвриска револуција“, наспроти спроти спортската сала на просторот меѓу пешачките патеки на кејот и патеката на самиот булевар.
Нема повредени лица, но е причинета материјална штета на шахтата сопственост на Јавното претпријатие „Куманово – Гас“.
При увидот што го извршиле, увидна екипа на полицијата и стручни лица од одделот за антитероризам од МВР и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, констатирано е дека експлозијата настанала на приземниот дел на бетонската шахта од дистрибутивниот гасовод.
Откако непознатиот сторител го фрлил пиротехничко средство во близина на шахтата и при испуштање на дозволено количество гас од шахтата, дошло до експлозијата.
Oд местото на инцидентот се подигнати изгорени остатоци од пиротехничкото средство. СВР Куманово работи на пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

