Daily news
Талат Џафери: Толкав број пратенички групи остава сомнеж дали ВМРО-ДПМНЕ е единствена
„Формално Деловникот со член 33 го дозволува тоа и може да се формира пратеничка група од 5 пратеници.Но, од правен аспект е дискутабилен фактот, што една политичка партија не може да има повеќе пратенички групи поради тоа се создава дилема кај нивниот електорат дали тоа е единствена политичка партија или имаат внатрешни проблеми, па затоа не сакам да им го коментирам овој потег“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафеи во изјава за медиумите.
Тој додаде дека е рано да зборува дали намерата на ВМРО-ДПМНЕ е со цел блокада на Собранието, но рече дека секоја политичка партија за своите потези носи одговорност за пред својот електорат.
„Не можам да ја коментирам нивната одлука за формирање на 10 пратенички групи и не сакам да прејудицирам која е нивната намера.Со нивното делување во Собранието ќе се покаже која им е намерата. Ако се однесуваат како што се однесуваа вчера, тоа значи дека ќе ја искористат можноста низ принципот барање по еден час пауза која координаторот има право да ја побара. Тоа значи дека во 24 часа ќе бараат 10 часа пауза.Тие ќе понесат политичка одговорност за нивното делување“, рече Џафери.
Тој кажа дека на барање на пратеничките групи ја одложил седницата в понеделник, но не кажа на чие барање.
Џафери додаде дека инститицијата Собрание мора да биде во функција и дека тој како нејзин претседател уште на преземањето се обврзал на инклузивен однос кон сите политички партии и пратенички групи, при што рече дека има соодветна комуникација со сите партии. Доколку процени дека некој сака да ја злоупотреби функцијата пратеник, соодветно ќе реагира.
„Нивното постапување и на секој пратеник ќе резултира со соодветна постапка од моја страна, доколку оценам дека има некоја таква намера. Не сакам однапред да прејудицирам за нечија намера“, рече Џафери.
Според него, менувањето на Деловникот е последен чекор што треба да се превземе и доколку има потреба од такво нешто потребен е политички консензус.
Што се однесува до изборот на потпретседатели на Собранието, Џафери рече дека им оставил простор на политичките партии да се договорат за нивниот број и за предлозите на кандидатите.
„Постапката за нивен избор е иста како и за претседателот и затоа треба да се има предвид , поддршка за сите кандидати, кои ќе бидат договорени со консензус, да не се случи доколку има интерес за некој од опозицијата „да нема поддршка од 61 глас“, рече на крајот собранискиот спикер.
Габриела Д. Мишевска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.