Контакт

Daily news

Стојчевски од „реформаторите“ до Груевски: Се срамам што сум те нарекувал претседател

Објавено пред

„Се срамам јас само од тебе, никогаш нема од себе, се срамам што во 2003 година буквално ќе се степав со моите другари за твоја слика да стои во МК Ново Лисиче а да се тргне на Љубчо (Сарма ти е жив сведок). Се срамам од тебе што сум те нарекувал претседател, но никогаш „шефот” или „човекот” како што знаат да те нарекуваат твоите поданици’, напиша Александар Стојчевски, дел од Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук, по нападите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој во интервју за една телевизија рече дека реформаторите биле изнајмени и ќе се срамеле додека се живи.

dobivaj vesti na viber

„Се срамам кога те слушав во бомбите како преговараш за името, се срамам кога те слушав како договараш брз Закон за јазици, се срамам што донесе Закон за амнестија на воени злосторници врз цивили под уцена на ДУИ, се срамам што никогаш не донесе Закон за бранители истиот го повлече под уцена на ДУИ , се срамам кога македонските чесни патриоти ги нарекуваш насилници, се срамам како преговараш за процентите од народот, се срамам кога на политички неистомисленици нарачуваш шамари, се срамам што до вчера сум имал претседател кој место едно благодарам да ми каже за мојата лојалност, за моите 20 години поминати во партијата за која сум дал крв, солзи и пот, 11 пати те правев победник на избори, секогаш во први редови за ВМРО-ДПМНЕ а секогаш како што викаш ти 6ти ешалон што ме прави посебно горд. Ако знаеш што е срам Никола“, напиша Стојчевски на Фејсбук.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Место две, ќе работи по една операциона сала, но во две смени за да се оперираат и итни и пациенти со закажани операции со еден сад за воздух

По хаваријата во системот за снабдување со кислород и компримиран воздух во хируршките сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, заменик-министерката...

Топ2 часа

Ограбена банка во „Скопјанка“

„Денеска, во 11.25 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во филијала на една банка на булеварот Кузман Јосифовски-Питу во...

Македонија2 часа

Дарко Костадиновски нов претседател на Уставниот суд

Судот информира дека денеска судијата Дарко Костадиновски е избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Од...

Македонија2 часа

Не коментирам пораки од Мицотакис, и ние и соседите би можеле да се однесуваме пријателски, да бидеме малку скандинавци, порача претседателката Силјановска-Давкова

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова не сака да ги коментира најавите за вето од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за евроинтеграција на земјата,...

Македонија2 часа

Македонија е мала држава, но мислам дека заслужува да биде почитувана како и сите други: Силјановска-Давкова за македонско-бугарското прашање

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова порача дека и за нас треба да важат истите критериуми за влез во ЕУ како и за...

Македонија5 часа

(Видео) Стоилковски: ЈО наводно истражува заговор на Хирургија, а власта и директорите си прават средби и се договараат

„Сведочиме за последните политички „купи ден-продај“ зафати на СДС-ДУИ. Километарски редици за чекање операции, хирургија е во колапс, а мора...

Македонија7 часа

Лога со писмо ја известил меѓународната заедница за најавите за упад од парламентарното мнозинство врз правосудниот систем

Министерот за правда, Кренар Лога, испратил писма до делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, до амбасадите на САД, Германија, Франција,...

Свет7 часа

Украина: Прекрасно изгоре, уништивме ракетен систем во Русија со западно оружје

Украинските власти соопштија дека вчера успешно го погодиле рускиот ракетен систем „С-300“ користејќи оружје испорачано од Запад. Системот бил лоциран...

Свет7 часа

Америка: Единственото нешто што спречува итно примирје е Хамас

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, рече дека предлогот за прекин на огнот во Газа што го претстави американскиот претседател...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Стани Цаци, Јово грант, доктор тендер корона Филипче – нема кандидат за претседател на СДС што не е поврзан со криминал

„Иднината на партијата која и ја даде Македонија на тацна на ДУИ се состои во доктор тендер корона Филипче, стани...

Македонија8 часа

Американскиот амбасадор во Бугарија за македонско-бугарското прашање: „Не поддржуваме дијалог што промовира дискриминација, омраза или непријателство“

„Ние не поддржуваме дијалог што промовира дискриминација, омраза или непријателство, покажана од која било земја кон соседните земји или заедници...

Регион8 часа

Осомничениот за убиството на малата Данка денеска пред обвинител: реши да го прекине молчењето и да се произнесе

Осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ (2), Срѓан Јанковиќ, кој се бранеше со молчење два месеца, реши да се...

Економија1 ден

Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Економија1 ден

Новиот газда на „Еуроникел“ на вработените им нуди минимални плати: Ако не потпишете ќе увеземе работници од Косово

Новите газди на кавадаречки „Еуроникел индустри“ на досегашните вработени кои останаа без работа им понудиле договори за вработување со минимални...

Македонија1 ден

Филипче се кандидира за претседател на СДСМ: „Мојата цел е да ја обновиме и повторно да ја подигнеме партијата“

Ексминистерот за здравство, Венко Филипче, објави дека одлучил да се кандидира за претседател на СДСМ, на претстојните внатрепартиски избори. Тој...

Свет1 ден

(Видео) Апокалиптични сцени од Германија: обилните дождови предизвикаа големи поплави, за еден ден паднал дожд колку за цел месец

Состојбата со поплавите во јужна Германија и понатаму е напната. Германската метеоролошка служба повторно предупреди на обилни врнежи од дожд....

Македонија1 ден

Вјолца Бериша ќе раководи со Министерството за земјоделство до изборот на нов министер

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека со верификацијата на претеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот...

Македонија1 ден

ДС: Брза промена на надлежностите на некои министерства, за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата

Демократскиот сојуз смета дека промената на надлежностите на некои министерства и формирањето нови треба да се одвива со брзо темпо...

Македонија1 ден

Тирон Јајага ќе раководи со Министерството за одбрана до изборот на нов министер

Министерството за одбрана известува дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28 мај на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и...

Свет1 ден

Кина: Toj што ќе се осмели да не’ раздели од Тајван ќе биде здробен на парчиња

Кинескиот министер за одбрана Донг Јун предупреди дека секој што ќе се осмели да бара независност на Тајван ќе биде...