Контакт

Daily news

Интервју на Никола Димитров за „Ди Пресе“: Во Македонија постои голема жед за правда

Објавено пред

„Во Македонија постои голема жед за правда. Се работи за очигледна неправда,  сите сме запознаени со разговорите од нелегалното прислушкување. Со неказнување се праќа ужасна порака. Тоа значи дека човек може за што било да помине без казна, се додека е доволно моќен. Но, тоа не е работа на Владата, за тоа треба да одлучат судиите“, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за австриски „Ди Пресе“.

dobivaj vesti na viber

Според Димитров, помирувањето мора да се заснова на принципи и одговорност. „Во Македонија многу работи се криеја под тепих, така што таму сега се појави мала планина. Потребни ни се силни институции, независно судство и слободни медиуми, за да бидеме стабилна држава. Тоа е големата лекција за Македонија од претходната државна криза“, додава тој.

Запрашан за односите со соседите, но и за плановите за брз влез во ЕУ и НАТО, на што Грција со години се спротивставува, Димитров вели: „Мојата прва официјална посета во странство беше во Атина. Пораката гласеше: нашата земја доби втора шанса да изгради европска демократија. Размислете, дали ќе ги поддржите овие напори или не, бидејќи, со блокирање на нашата иднина во ЕУ и НАТО, Македонија нема да стане поконструктивна“.

Запрашан дали грчкиот министер за надворешни работи Никос Коцијас ја разбрал пораката, Димитров одговара дека никогаш нема да се откаже од убедувањето во пријателските намери на земјава. „Коцијас ќе нѐ посети во август. Македонија е без предрасуди кон своите соседи. Минатиот викенд бев во Бугарија и со колешката преговаравме за договор за добрососедство што треба да се потпише на почетокот на август. Не сакаме повеќе да провоцираме, туку да праќаме позитивни сигнали“, додава Димитров.

Во интервјуто за австриски „Ди Пресе“, Димитров истакнува дека нема повеќе да се поставуват споменици, бидејќи имаме доволно. „Не ни требаат споменици за да бидеме горди Македонци. Созреавме“, вели тој.

Министерот смета дека е можно Македонија да влезе во НАТО со провизорно име, како ПЈРМ. „Можно е, ако се согласи Грција, иако ПЈРМ звучи како Клингон од Стар Трек. Таков компромис би претставувал инвестиција во подоцнежното решавање на спорот со името. Ќе дадеме сè од себе за да ги убедиме Грците дека е и во нивен интерес“, вели Димитров.

Тој оценува дека регионот не е многу безбедно и среќно место. „Европа не може да продолжи да се однесува како досега, да зборува за проширување, а истовремено да се плаши тоа да го каже пред сопствените гласачи. Мора да побрзаме да ја завршиме работата на Балканот“, вели Димитров.

Тој додава дека Европа се соочува со егзистенцијална криза, но дека не смее да потоне во меланхолија. „Лорд Робертсон, поранешниот генерален секретар на НАТО рече: „Ако не можеш истовремено да јаваш два коња, тогаш што бараш во циркус?“ Европа мора да почне повторно да размислува во пошироки рамки. Ако постои регион во кој може да се направи разлика, тогаш тоа е на Балканот“, оценува Димитров.

Запрашан дали некои влади во Европа беа премногу благи во односот кон поранешниот премиер Никола Груевски, Димитров вели : „Европа мора да ги кажува работите отворено, ако сака да има влијание во регионот. Во случај на големи повреди на демократијата, Европа мора јавно да викне „фаул!“. Ова го велам и како министер за надворешни работи: Ако згрешиме нешто, кажете ни го тоа јавно“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Таравари тајно преговарал со Ахмети, Меџити вели дека не го исклучиле од коалицијата туку тој се самоисклучил

Не е веќе тајна бидејќи коалицијата „Вреди“ одамна забележа дека постојат преговори меѓу Таравари и Ахмети со вмешаност на одредени...

Македонија5 часа

Се’ уште се прибираат докази во изгорениот „Пулс“, се вештачат телефони и лаптопи

Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, како и Јавниот обвинител, денеска, одржаа состанок...

Економија7 часа

Трговците со помалку од 10 вработени немаат обврска да ги објавуваат цените онлајн

Од четврток, 18 април, сите трговци (мали, средни или големи) ќе треба да ги објават цените на секој производ што...

Македонија8 часа

„Влен“ денес на средба ќе ја разгледа одлуката на Таравари да настапи на изборите со свои кандидати за советници

Во 14 часот денес ќе се состане коалицијата „Влен“ по што ќе се знае како ќе продолжат понатаму со Алијансата...

Македонија8 часа

Десет полицајци под истрага за несреќата во Кочани

Десет полицајци од Штип и од Кочани се под истрага за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Според Обвинителството, тие се...

Македонија9 часа

(Видео) Спречен обид за шверц на 6,4 килограми сребро, извести Царинската управа

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари....

Македонија9 часа

Одложено рочиштето за убиството на Вања

Рочиштето за убиството на Вања, на кое обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо требаше да даде исказ, е одложено. Судењето е одложено поради...

Топ10 часа

Возел пијан и без возачка, па лажно се претставил како вработен во АНБ: уапсен 31-годишник од Крива Паланка

Доцна синоќа во 02.30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полицијата го приведе 31-годишниот Б.Р. од Крива Паланка поради сомнение...

Македонија12 часа

Алијансата за Албанците не излегува од „Влен“, на изборите ќе оди со свои кандидати

Алијанса за Албанците останува во коалицијата „Влен“, но на локалните избори ќе излезе со сопствена листа на кандидати за советници....

Свет12 часа

(Видео) Бајден го одржа својот прв говор по напуштањето на напушти Белата куќа: „Трамп пука, па нишани“

Поранешниот американски претседател Џо Бајден синоќа во Чикаго го одржа својот прв голем јавен говор откако ја напушти Белата куќа,...

Европа13 часа

Голема временска прогноза за регионот и Европа: каде ќе врне пороен дожд, а каде ќе има летни температури за Велигден

Април е месец кој се карактеризира со повеќе од променливо време, па како што може да ги прикаже летните временски...

Македонија13 часа

„Затворена Кардиохирургија, без да се обезбеди алтернатива“, партијата Левица бара оставка од Таравари

„Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност...

Свет13 часа

Кина: Трговското насилство на Трамп сериозно го поткопува глобалниот поредок

Кинеските власти сè повеќе ја кажуваат својата позиција за состојбата на глобалната економија додека Пекинг се подготвува за целосното влијание...

Свет14 часа

Трамп: Нема повеќе социјална помош за имигрантите без документи

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша меморандум кој има за цел да ги спречи недокументираните имигранти и другите неподобни лица...

Македонија1 ден

Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум полицајци, истрагата за Кочани се проширува

Издадена е наредба за приведување на седум полицајци со што практично се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во...

Македонија1 ден

Антикорупциска со низа замерки за Законот за угостителска дејност

Државната комисија за спречување на корупцијата утврди низа пропусти во законите за угостителска дејност,инспекциски надзор и законот за заштита и спасување....

Македонија1 ден

Сѐ уште не се знае кој го вандализирал споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје – плочата е откорната, МВР работи на случајот

МВР работи на расчистување на случајот со откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во срцето на Скопје. Во полицијата...

Топ1 ден

Случаен минувач го нашол изгубеното 6-годишно девојче од Куманово, по грешка се качило во автобус за Скопје

Полицијата во Гази Баба информираше дека е пронајдено шестгодишното девојче од Куманово кое вчера од страна на неговата мајка беше...

Македонија1 ден

Претреси на осум локации во Прилеп поврзани со работењето на болницата

Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, а  во тек се претреси на осум локации. „Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во...

Македонија1 ден

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок мора да ги објавуваат цените на интернет

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на...