Daily news
Апел до граѓаните да не го фрлаат мебелот и градежниот шут до контејнерите, следат казни
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје повторно апелира до граѓаните својот кабаст отпад (мебел, стара електрична и електронска опрема) и градежeн шут да не ги одложуваат во и покрај садовите за отпад. Ваквото несовесно одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут е забрането со Законот за јавна чистота и подлежи на парични казни и санкции.
Садовите за отпад што се поставени на јавни површини – пластични канти, надземни и подземни контејнери – не се наменети за одлагање ваков тип отпад туку за собирање на комуналниот отпад од индивидуалните и колективните домаќинства, се вели во апелот.
ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, во координација со Градот Скопје и општините, бесплатно го собира кабастиот отпад во организирани дводневни акции што се одвиваат четири пати во годината во секоја општина. Во рамките на овие акции, граѓаните коишто сакаат да се ослободат од стариот мебел и непотребните електрични и електронски апарати имаат можност овој тип отпад да го одложат пред своите домови во периодот од 7 до 9.30 часот, по што специјалните комунални возила ќе поминат и ќе го подигнат, според однапред изготвениот распоред по месни заедници.
Следната акција за собирање кабаст отпад ќе се одвива на 14 и на 15 јули 2017 година, во општината Центар. Покрај акциите што се организираат во скопските општини, ЈП „Комунална хигиена“- Скопје на граѓаните им нуди можност во текот на целата година кабастиот отпад со сопствен превоз бесплатно да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош. Доколку имаат потреба транспортот да се изврши со специјалните возила на претпријатието, оваа услуга може да ја побараат на бесплатната телефонска линија – 080022233 , а услугата чини 850 денари (без пресметан ддв).
Според Законот за јавна чистота, не е дозволено ниту градежниот шут што настанува при градење или реновирање на домовите, граѓаните да го исфрлат во садовите за отпад. ЈП „Комунална хигиена“- Скопје на граѓаните им ја нуди и услугата за преземање и транспорт на овој тип отпад, со специјалните возила на претпријатието. Граѓаните може да ја побараат оваа услуга на бесплатната телефонска линија – 080022233, а истата изнесува 950 денари (без пресметан ддв).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.