Скопје
Центар ги санираше последиците од обилниот дожд
Надлежните во Општина Центар во вторник вечер излегоа на терен за да ја увидат и санираат состојбата предизвикана од силниот пороен дожд кој паѓаше во попладневните часови во Скопје.
Кујната во основното училиште „ Гоце Делчев“ беше поплавена поради градската канализација која не може целосно да ја апсорбира водата од околните улици.
Службите на општина Центар до полноќ ја испумпаа водата од кујната, а денеска повторно се врши дезинфекција и кујната ќе биде оспособена за работа.
Исцрпена е водата и санирана е состојбата и во основното училиште „ Ј.Х. Песталоци“ и во градинката кај Универзална Сала.
Службите на Општината пристапиле кон чистење и на поплавените подруми и подземни гаражи.
Во соопштението се наведува дека Општина Центар е подготвена да се справи со проблемите и доколку се повторат обилните врнежи и поплавите.крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

