Контакт

Daily news

СДСМ: Расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ ја загрози и исплатата на платите во АРМ

Објавено пред

Расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ ја загрози и исплатата на платите во АРМ, Владата обезбеди сигурни плати и ја намалува стапката на задолженост, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според социјалдемократите, ниту едно празно соопштение на ВМРО-ДПМНЕ не може да го скрие нивното 11-годиншно тајно и расипничко задолжување за луксузирање и криминално богатење на Никола Груевски и неговите соработници на сметка на осиромашените граѓани.

„Со таквото скапо и расипничко задолжување ВМРО-ДПМНЕ ги осиромаши граѓаните и го наруши угледот на Република Македонија. Расипничкиот однос кон парите на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ ја загрози и исплатата на платите на припадниците на АРМ, како и одржувањето на мировните мисии во странство. Поради неодговорниот однос на претходната влада, во Министерството за одбрана недостигаат речиси 100 милиони денари за плати, осигурувања и дополнителен ангажман. Преку ребалансот на буџетот и со рационализацијата на трошоците обезбедени се парите за целосна и навремена исплата на обврските кон припадниците на АРМ“, се наведува во соопштението.

 

 

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

За прв пат по повеќе од една година, разговараа шефот на Пентагон и рускиот министер за одбрана

Министрите за одбрана на Соединетите Американски Држави и Русија разговараа телефонски во вторникот за прв пат по повеќе од една...

Македонија12 часа

Собранието го донесе Законот за енергетика со кој ќе се спречи поскапување на струјата

Со 84 гласа ЗА, и ниту еден против и воздржан, Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика...

Регион14 часа

(Видео) Пожар на Халкидики, засега не се загрозени населените места

Пожарите веќе со денови беснеат низ цела Грција, а како што објави порталот „Прототома“, денеска избувнале пожари на Халкидики и...

Топ17 часа

Осуденик во затворот „Идризово“ до смрт претепал друг затвореник: ОЈО нареди истрага за случајот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело тешка телесна повреда од...

Македонија18 часа

Таравари ја разреши директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, разрешени и други директори

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ја разреши од должноста в.д. економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, по најавите...

Економија19 часа

Мицкоски за инвестицијата на „Алказар енерџи“: 55 ветерници ќе произведуваат еден терават-час електрична енергија

Ветерен парк со 55 ветерници, кои ќе произведуваат еден терават-час електрична енергија, ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш....

Македонија20 часа

Нестабилно време до петок и невреме на повеќе места, најавуваат метеоролозите

Под влијание на исклучително нестабилна воздушна маса до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд...

Македонија21 час

Се санираат штетите од невремето во Скопје и Тетово

Ситуацијата со завчерашното невреме што ги зафати Тетово, Скопје и околните општини полека се нормализира. Од Центарот за управување со...

Македонија21 час

Бугарски политичар: Опасна е насоката во која политичкото раководство ја турка Северна Македонија

Новоизбраниот премиер на Република Северна Македонија избра конфронтација и газење на европските принципи и упати барање дека има намера да...

Свет23 часа

Објавени први снимки од Асанж на слобода

Џулијан Асанж (52) вчера го напушти затворот со максимална безбедност „Белмарш“ во Велика Британија откако таму помина 1.901 ден. Високиот...

Македонија24 часа

Водоводната мрежа е застарена, го разбираме револтот, велат од ЈП „Комуна“ – Крушево за дефектите и честото снемување вода во градот

При работа на канал екипите на ЈП „Комуна“ – Крушево детектирале мал дефект на водоводната мрежа. Од тука информираа дека...

Македонија1 ден

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии...

Македонија1 ден

Извлечено девојчето кое падна во дол над Струмица, има повреди на главата

Шестнаесетгодишното девојчето кое падна во дол над Струмица е извлечено и во моментот се наоѓа во струмичката болница, соопшти директорот...

Македонија2 дена

Тошковски: Ќе преземеме мерки за секој граѓанин да го извади својот документ достоинствено и во разумен рок

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во својот прв работен ден оствари работни посети во Одделението за управни работи Скопје...

Македонија2 дена

Самка Ибраимоски повикан во полиција поради закани кон судија од Уставниот суд

Самка Ибраимовски од партијата ПЦЕР и поранешен пратеник е лицето кое уставниот суд го пријавило поради закани. Тој бил повикан...

Македонија2 дена

Невреме со пороен дожд, грмежи и град го зафати Прилеп

Прилеп е зафатен од нестабилна воздушна маса, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Попладнево...

Македонија2 дена

Нема да има фудбалчиња во кабинети, нема да ни се случуваат „ролс ројс“ и „мајбах“ возила, порача Мицкоски на првиот работен ден

Очекувам убави денови и тоа е нашата порака дека ќе градиме онаму каде што овие пред нас оставија неуспешни проекти...

Македонија2 дена

Таравари почна со разрешување на клиниките: „Очекувам за два месецa повеќе да нема економски директори“

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари, најави дека почнува со разрешување на економските директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на...

Македонија2 дена

Закани за животот упатени кон судии пријавил претседателот на Уставниот суд во МВР

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи за упатени закани за животот и...

Македонија2 дена

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда, ветува враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда. Министерот најави дека во својот мандат ќе преземе реформи во сферата на...