Контакт

Daily news

Збунети во светот: „Бир“ не е секогаш пиво, а „дрес“ не е секогаш фустан

Објавено пред

Иако некои зборови имаат исто значење во многу земји сепак добро е да се биде внимателен и да се провери.

dobivaj vesti na viber

Имајќи предвид дека повеќето Македонци се служат со англискиот јазик за да се разберат во странство и корените на овој јазик го користат во изразувањето, сепак треба да се биде внимателен, со цел некои навидум јасни зборови да не предизвикаат навреда или да го потценат соговорникот.

Португалија

Во земјите од португалското говорно подрачје зборот „ашистир“ не значи асистирање (помош), туку набљудување, а поимот „constipacao“ не означува проблеми со варењето и затвор, туку студ, пишува „Телеграф“. Зборот „puxe“ е вообичаен на вратите на продавниците и иако се изговара како англискиот збор „push“, односно туркање, тој всушност значи „повлечи“. Со зборот „esquisito“, кој звучи слично како англискиот збор „exquisite“ треба да се биде особено внимателен, бидејќи не значи сјајно, туку чудно. Истото важи и за зборот „corner“, кој во овие земји е вулгарен назив за женските интимни делови.

Русија

Во Русија најмногу недоразбирања предизвикива зборот „лунатик“, кој го поврзуваме со лудак, но тој означува месечар. До забуна може да дојде и поради зборот „оператер“ со кој не се мисли на телефонски оператор, туку на камерман.  Исто така иако звучи како кавијар, рускиот збор „ковјор“ значи тепих.

Кореја

Во источноазиските јазици многу англиски зборови се одомаќиниле, особено во трговскиот речник, Меѓутоа многу од нив се споени со изворните зборови, што им дава сосема поинакво значење. Така на пример ако Кореецот каже дека живее „апарт“ тоа всушност значи дека живее во стан, а не одвоен од семејството. Во рестораните треба да се избегнува барањето на услуги или „сервис“, бидејќи тоа симболизира бесплатна услуга или промотивен производ. Корејците пишуваат со пенкало, кое го нарекуваат „шарп“, но овој збор не значи „остар“.

Шпанија

Многу шпански и англиски зборови звучат слично, но тоа не значи дека имаат и исто значење. така шпанскиот збор „embarazada“ значи бремена, додека мошне сличниот англиски збор „embarassed“ означува срам. На ист начин можат да се помешаат зборовите „molestar“, што на шпански значи некому да досадуваш и англискиот „molest“ што значи сексуално злоупотребување. Бургер од соја не е „soy burger“, бидејќи „soy“ на шпански значи „јас сум“, а „advertencia“, што звучи како англискиот „advertisement“, односно реклама означува предупредување.

Шведска

Англискиот збор „gem“ (скапоцен камен) во Шведска значи спајалица, а „пенсел“ не значи „pencil“ (молив) туку четка за боење. По ручекот не е пристојно да се каже дека сте полни, особено не на англиски јазик, бидејќи „full“ значи грдо.

Турција

Иако Турците се познати по своето гостопримство, не треба да се претерува со поздравите. Англискиот „hi“ и турскиот збор „hiya“ звучат слично, но нивното значење е сосема различно. Првиот означува поздрав, а вториот тестиси. Исто така до забуна може да дојде и поради „туна“. Имено овде не станува збор за риба, туку тоа е едно од најчестите турски машки имиња, што во превод значи Дунав. Збоот „газино“ иако слично на англискиот „casino“ означување кафе, а „бир“ е бројот еден.

Германија

Иако зборот „rat“ на англиски значи стаорец или кодош, во Германија Rathaus значи Парламент. До слични недоразбирања може да дојде и меѓу поимите „bekommen“ и англискиот „become“, што во германскиот јазик значи да се добие нешто, а во англискиот да се стане нешто. Збунетост предизвикува и германскиот збор „gift“, идентичен на англискиот подарок, само на германски значи отров.

Јапонија

И во јапонскиот јазик англиските зборови одамна се усвоени и прилагодени. Збунувачки е зборот „феминисутно“, кој не укажува на борец за правата на жените, туку на маж, кој им угодува на жените. Англискиот збор „about“, кој значи отприлика, близу, во близина или околу, во јапонската модификација абауто значи мрзеливост. Чувајте се и од зборот „manshon“, особено доколку барате стан во Јапонија, бидејќи тоа не го означува англискиот „mansion“, туку апартман.

Франција

И додека на англиски јазик зборот „demand“ значи барање, францускиот „demande“ се однесува на молба.

Норвешка

Шопингот во Норвешка може да предизвика збунетост, особено кај мажите кои нема да сакаат да облечат „dress“, иако можеби ќе трагаат по него. Англискиот „dress“ е фустан, но на норвешки значи машко одело. Зборот „dog“ на норвешки не значи куче, туку „како и да е“. Доколку нарачете appelsin, што можеби ве потсетува на англиската јаболка, ќе добиете сок од портокал, а не од јаболка. Како и во Шведска и во Норвешка зборот „full“ има поинакво значење, отколку во англиското говорно подрачје. „Full“ во Норвешка значи пијан, а „aktor“ значи јавен обвинител, а не актер. Доколку патувате со автомобил по Норвешка, треба да внимавате бидејќи „gate“, кој е англиски израз за излез, на норвешки значи улица, а излез на норвешки е „port“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија1 час

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија2 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија4 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион5 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија5 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија6 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија6 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет9 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа9 часа

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет10 часа

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа10 часа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет11 часа

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет11 часа

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија11 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија1 ден

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија1 ден

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија1 ден

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија1 ден

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија1 ден

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...