Црна хроника
Запленети 30 кг. марихуана на ГП Богородица
Околу 30 килограми марихуана заплени полицијата на ГП Богородица, во заедничка акција со Царинската управа.
Имено, во саботата околу 19 часот, на граничниот премин за излез од Македонија било сопрено возило „рено меган сценик“со гостиварски регистарски ознаки управувано од Р.Н.(61), а сопственост на неговата сопруга.
Полицајци и цариници извршиле преглед и претрес над возилото при што било употребено и службено куче од царинска управа на РМ, кое што покажало реакција за присуство на наркотична дрога во возилото. Притоа во него бил откриен специјално направен простор-бункер во долниот дел на подвозјето под седиштата на возилото, во кој пронајдени биле 30 пакувања обвиткани со алуминумска фолија исполнети со непозната растителна материја зелена боја и помало пакување обвиткано исто така со алуминиумска фолија исполнето со непозната растителна материја зелена боја.
Одземената растителна материја е предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ, заради вештачење, при што е утврдено дека се работи за 29 килограми и 905,6 грама марихуана.
По преземени дополнителни мерки утврдено е дека Р.Н. од Р.Албанија неовластено ја набавил наркотичната дрога марихуана за цена од 15.000 евра заради натамошна препродажба, а крајна дестинација на истата била Република Турција. Запленетата наркотична дрога на нарко пазарот на големо би достигнала цена од околу 100.000 евра.
Против Р.Н. поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик на Р. Македонија.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

