Контакт

Daily news

Пеколниот бран Луцифер зеде две жртви, се вклучи алармот во Европа

Објавено пред

Пеколните жештини кои зафатија делови од Европа го добија името Луцифер. Топлотниот бран досега зеде најмалку два живота во Романија и во Полска. Во делови од Италија, Франција и Шпанија и на Балканот жештината предизвика десетина шумски пожари, ги оштети посевите и ја зголеми потрошувачката на струја и на вода.

dobivaj vesti na viber

Властите во неколку подрачја издадоа ограничувања во сообраќајот и забранија да се работи на отворено поради температурите кои достигнаа околу 40 степени. Во Шпанија метеоролошката служба предупреди дека во 31 од 50 провинции температурата ќе достигне до 44 степени.

Во Словенија, според надлежните, на почетокот на оваа недела забележана е првата тропска ноќ на висиона од 1.500 метри кога темепартурата надминала 20 степени во текот на ноќта. Хрватските власти апелираа илјадниците туристи да бидат внимателни додека патуваат и на плажите.

Десет земји од јужна и централна Европа прогласија црвена тревога кога со топлотниот бран Луцифер температурите се зголемија над 40 степени, а научниците предупредуваат дека екстремната топлина би можела да убива 152.000 луѓе годишно до 2100 година. Од истражувачкиот центар на Европската комисија предупредија дека доколку не се преземе ништо со намалување на емисиите на штетни гасови, смртните случаи би се зголемиле од 3.000 годишно во 2010, до 152.000 во годините помеѓу 2071 и 2100. Оттаму велат дека двајца од три луѓе во Европа ќе бидат погодени од катастрофи до 2100 година, што е драстична разлика од 1 од 20 како што беше случајот на почетокот на 21 век.

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Мицотакис: Очекувам од новиот премиер изјава дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја

„Очекувам од новиот премиер да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја...

Македонија15 часа

(Видео) Џафери најави дека останува да ја извршува премиерската функција до изборот на новата Влада: Нема да учествувам во работата на Собранието

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието на Република Северна...

Македонија15 часа

Собранието го доби новиот спикер: Африм Гаши избран за претседател

Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Македонија. Беше изгласан со 76 гласа ,,за”, а ,,против” гласаа само...

Македонија16 часа

Собранието ги верификуваше мандатите на пратениците

Собранието во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија...

Македонија17 часа

Силјановска-Давкова: Лентите не се многу големи, сакав да пишува РС Македонија, но немаше место

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова објасни зошто на чествувањето во Ватикан на венецот што беше положен не беше напишано името на државата....

Македонија19 часа

Димитриевски го поддржува Гаши за претседател на Собранието, поделбата на власта и министерските позиции сè уште не ги договорил

Африм Гаши има поддршка од ЗНАМ за претседател на Собранието. Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, пред почетокот на денешната конститутивна...

Македонија19 часа

Апасиев смета дека со Гаши парламентот ќе биде косоваризиран, Мицкоски коментира дека се однесува како џанак

Првиот човек на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, пред конститутивната седница денес ја отфрли можноста да го поддржат изборот на...

Топ20 часа

Во тешка сообраќајна несреќа во Делчевско загина маж

Вчера, во 12.15 часот, во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атарот на село Драмче, Делчевско, се случила сообраќајна...

Македонија20 часа

Земјотрес во Скопје

Во Скопје утрово е регистриран земјотрес. Од Сеизмолошката опсерваторија информираа дека потресот се случил во 10.48 минути, со Рихтерова локална магнитуда...

Македонија21 час

Пронајдени 1.408 пушки од балканските војни при градежен зафат во Битола

Регионалниот ЦУК Битола известува дека во близина на поранешниот гарнизон во Битола, при изведување градежни земјени работи, пронајдени се 1.408...

Свет23 часа

Шпанија, Ирска и Норвешка, денеска, и официјално ќе ја признаат Палестина

Шпанија, Ирска и Норвешка и официјално ќе ја признаат палестинската држава и покрај бесната реакција на Израел. Повеќе од 140...

Македонија1 ден

На 30 јуни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30...

Македонија1 ден

Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: злоупотребите со европското знаменце нема да се применуваат, потенцирана европската заложба на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадор на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир....

Македонија2 дена

Гаши седнува во спикерското столче: поради кандидатурата за претседател на Собранието, поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива

На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм...

Македонија2 дена

Хируршките сали на Клинички остануваат затворени: Системот за воздух мириса и без хаварија, примероци од гасот испратени во Германија  

Лабораторија во Германија ќе утврдува зошто без хаварија во системот се јавува миризба во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран...

Македонија2 дена

Демири на заминување го разреши и директорот на Кардиохиругија: Открив дека 170 пациенти не се внесени во „Мој термин“, за нив нема отпусни писма ни умреници

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски . Открил дека во Клиниката...

Топ2 дена

Автомобил падна во Крива река, загинаа возачот и сопатничката од Марино

Две лица загинаа вчера во сообраќајна несреќа. Според информациите од МВР, се работи за 75-годишниот Ж.Ј. и неговата сопатничка С.Ј....

Македонија2 дена

Експресниот пат Штип – Кочани нормализиран за сообраќај

Во 10 часот и 40 минути, сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е нормализиран за сообраќај, извести АМСМ. Сообраќајот...

Македонија2 дена

Братот на убиениот пејач на пластичарската улица: Амар ќе биде погребан денеска

Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото...

Македонија2 дена

Извршен увид по пукањето на пластичарската улица во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид...