Daily news
Спасовски: Нема простор за паника, сите институции ќе се вклучат за справување со пожарите
За поефикасно справување со пожарите Владата прогласи кризна состојба на териториите на општините Македонски Брод и Чашка, информираше по вечерашната владина седница министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во функција на претседавач на Управувачкиот комитет за управување со кризи.
Пред тематската седница посветена на состојбите за пожарите во земјава, Спасовски рече дека имало седница на Управувачкиот комитет за управување со кризи, на која што врз основа на заклучоците кои што ги имале од групата за проценка, била донесена предлог одлука до Владата да се прогласи кризна состојба во подрачјето на општина Македонски Брод и општина Чашка, бидејки во овие две подрачја веќе неколку дена имаме активни пожари.
„Анализирајќи ги сите информации, пред сè, од сите релевантни фактори и институции кои што се вклучени во справување со пожарите, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, ЈП Македонски Шуми, Министерството на земјоделство шумарство и водостопанство, односно Шумската полиција, донесовме одлука на владата со која што прогласивме кризна состоојба во подрачјето на општините Македонски Брод и Чашка, која што ќе трае 30 дена од моментот на донесување на одлуката.
Ова е донесено сè со цел да можат во координирана акција сите институции, да делуваат на состојбата за справување со пожарите и на еден поефикасен начин да се одговориме на оваа ситуација, бидејќи гледаме дека во наредниот период ќе имаме временски услови со високи температури, а со тоа и можнст за ширење на пожарите. Ова е една од мерките која што ќе гарантира безбедност за овие региони и успешно справување со овие пожари, до нивно целосно гасење“, рече Спасовски.
Тој информираше дека на седницата на Владата ги задолжиле сите надлежни институции да се вклучат и да помогнат во делот со справувањето со оваа кризна состојба во овие две општини, и, генерално, ако затреба било каде доколку има потреба со справување со пожарите на целата територија.
Спасовски одговоарајќи на новинарски прашања рече дека во гаснењето на пожарите освен сите домашни инстуции, имаме помош и со воздухоплови од Бугарија и од Турција.
„Тоа се воздухоплви кои што ги обезбедивме преку непосредно барање од страна на ДЗС. Институциите се во координација. Нема место за паника кај граѓаните на Република Макеоднија, посебно таму каде што навистина се појавуваат пожарите. Интервенираат и противпожарните бригади на територијата на општината. Да не заборавиме дека локалните самоуправи се најповикани во делот на справување со било која криза преку инструментот на заштиота и спасување, па понатаму ДЗС и Владата. а овие две подрачја констатиравме дека имаме потреба од прогласување на кризна состојба со цел да се елиминираат до крај овие пожари, без да имаме тенденција на можно ширење“, рече Спасовски.
Тој ги повика граѓаните да им помогнат на институциите во справувањето со пожарите. Поради временските прилики, поради невниманието на граѓаните и така натаму, може да дојде до опожарување на кој било дел од територијата на Република Македонија и затоа треба координирана акција, во која и граѓаните ќе треба да помогнат, превентивно, покрај институциите кои што се задолжени за тоа. Министерството за внатрешни равоти, и Шумската полиција, и останатите институции кои што работат на превенцијата, но и граѓаните можат многу да помогнат. Да пријават на време и да ги повикаат институциите таму каде што има потреба да делуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.