Контакт

Daily news

(ВИДЕО) СДСМ предлага четири алтернативи место патни трошоци на пратениците

Објавено пред

Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата во Собранието, изјави дека пред две недели СДСМ предложил нов начин на пресметка на патните трошоци на пратениците.

dobivaj vesti na viber

„Евидентно е дека прашањето е актуелно и ова е доказ дека не бегаме од актуелни прашања и сакаме да дебатираме со јавноста, а тоа оди преку медиумите. Прво, сите се сеќавате дека четири месеци, од Нова година до крајот на април, зборувавме дека не се потребни празни и јалови дискусии за нешто што е извесно, за избор на претседател на Собранието. Четири месеци се обидувавме да ги убедиме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема потреба да се одолжуваат седниците, да се доаѓа секој ден, да се дискутира едно исто со реплика на реплика. Секое доаѓање на пратениците значи и патни трошоци. Јас сум од Охрид, патувам секој ден. За да дојдам на работа, мене ми се потребни пет часа дневно во автомобил, возам 350 километри во денот и немам избор. Тоа е регулирано законски, со Законот за платата и други надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица и со Одлуката за висината за надоместокот, што ја носи Комисијата за избор и именувања во ова Собрание. Значи, една од причините за големиот број доаѓања на пратениците беше токму таа и ние со месеци укажувавме дека непотребно доаѓаме и дека непотребно им се трошат парите на граѓаните“, вели Тунтев.

Тој додава дека пратеничката група на СДСМ и тој како координатор пред две недели на координаторите на другите пратенички групи им дале конкретен предлог со четири разработени алтернативи како да се укинат патните трошоци, односно кои се начините за можно регулирање на привремениот престој и патување на пратениците што се од внатрешноста.

„Моментно, од 120 пратеници, 71 пратеник го задоволува условот да наплаќа за доаѓање на работа, неколкумина живееме на поголеми растојанија од Скопје. Ние не сме виновни што живееме во Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Лабуниша и така натаму. Тоа се пресметува според формула, меѓутоа знаеме во каква држава живееме и каква е економската состојба, знаеме дека не е во ред за некој месец надоместокот што го добиваме за патни трошоци да биде поголем од платата. Па зошто ме плаќа мене државата? Да бидам шофер или да бидам пратеник кој ќе учествува во законодавниот процес? И знаејќи дека начинот на кој е ова регулирано не е добар, ние како политичка партија изготвивме неколку алтернативи. И во изборната програма рековме дека ќе го реформираме начинот на исплата на патните трошоци“, вели Тунтев.

Тој објаснува дека се работи за четири алтернативни решенија: „Едното е постојно, меѓутоа да се регулира подобро за да не се злоупотребува. Најголемиот проблем во сегашниот начин во исплата на патните трошоци е злоупотреба на системот. Имало и има пратеници што не патуваат секој ден, а кои наплаќаат патни трошоци. Со алатки, механизми и активности кои би го спречиле тоа драстично ќе се намали сумата на патни трошоци што се исплаќа на месечно ниво. Вие знаете дека во некои месеци имаме 25 работни дена, а во мај имавме два работни дена. Значи, не може да се прави просек. Никој од јавноста или медиумите не прашал зошто другите именувани функционери имаат службени возила и имаат право на истиот надомест, директори, заменик-министри и така натаму… секогаш на удар се пратенците. Јас како координатор на пратеничка група морам и ќе се грижам секогаш за достоинството на пратениците“, објаснува Тунтев.

Втората алтернатива што ја понудил е станови на користење – службени, државни. „Порано беше практика да се користи станот за време на мандатот, меѓутоа во петок, сабота и во недела да им се даваат на пратениците за да комуницираат со своите гласачи од местото од  каде што доаѓаат“, додава тој.

Третата алтернатива што ја нудат е давање надомест за одвоен живот и за изнајмување стан под кирија. Четвртата алтернатива е хотелско сместување, избрано преку тендер, и за кое ќе се одлучи во Собранито или службите на Собранието.

„Алтренативите се производ на сеопфатна обемна анализа, како, на кој начин и колку се исплаќаат патните трошоци на име на пратеници и јас ова го нарачав по моето доаѓање за пратеник во овој дом. Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија направи компаративна анализа за надоместоците за пратеници во одредени земји, ги зедовме земјите од опкружувањето, Југоисточна Европа и земјите од Европа. Сето ова што како предлог им е дадено на моите колеги координатори на разгледување е изготвено врз сеопфатна компаративна анализа и позитивни практики во другите земји“, вели Тунтев.

Тој додава дека пратеници од пратеничката група на СДСМ и коалицијата во неколку наврати дел од патните трошоци донирале во хуманитарни цели. „Во минатиот состав трипати дониравме во хуманитарни цели, имаме направено фонд за донации и сè уште ќе донираме, ама тоа не е за јавност, секој пратеник одлучува како ќе се однесува со парите што законски му следуваат.

Доколку во разумен рок до крајот на месецот добиеме мислења и ставови за одредени прашања, јас и тим од СДСМ сме подготвени да седнеме и да разговараме за посебна регулација на ова прашање, доколку не, тогаш како партија од мнозинството ќе предложиме нови законски решенија, односно нови одлуки од страна на Комисијата за избори и именувања со кои основната цел ќе биде да се намалат вкупните средства што се извојуваат за патни трошоци, а второ, да се спречат сите злоупотреби, кои очигледно во годините претходно биле реалност во овој законодавен дом“, вели Тунтев.

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа31 минута

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет50 минути

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија19 часа

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија20 часа

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија21 час

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ23 часа

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет24 часа

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија1 ден

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија1 ден

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ1 ден

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа1 ден

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет1 ден

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет1 ден

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет1 ден

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа1 ден

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија1 ден

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија1 ден

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија2 дена

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...